Овие автобуски постојки комплетно ќе ја променат перцепцијата на луѓето кон заштитата на животната средина и биодиверзитетот во градските средини…
Во холандскиот град Утрехт 316 автобуските постојки сега имаат зелен покрив. Тие не само што изгледаат одлично, туку и помагаат во задржување на прашината од воздухот, складирање на дождовницата и обезбедуваат поладен воздух во летниот период.
Тоа е една од многуте мерки што би можеле да го подобрат квалитетот на воздухот на Утрехт. Дали знаевте дека по пушењето, нездравата околина (вклучувајќи го и лошиот квалитет на воздух) е втората причина за болести во Холандија?
Зелените покриви на автобуските постојки во Утрехт, исто така, станаа „постојки“ за пчели и придонесуваат за биодиверзитетот на градот, поддржувајќи ги инсектите како медоносните пчели и бумбарите.
На покривите од овие постојки главно има растенија од родот Sedum. Тие се одржуваат од страна на општинските работници кои се возат во електрични возила.
Автобуските постојки се опремени со ефикасни лед светла и бамбусова клупа.
Неодамна Утрехт замени 10 дизел автобуси за електрични автобуси. Утрехт има за цел само да ги исфрли од употреба сите дизел автобуси до 2028 година. Во меѓувреме, Утрехт ги поттикнува возачите на автобуси да се прилагодат на еколошкиот стил на возење. Автобусите регистрираат колку ефикасно и удобно секој возач управува со автобусот и врз основа на тоа колку добро возат, можат да “освојат” награди.
Утрехт постојано го зголемува бројот на автобуси напојувани со електрична енергија, а таа електрична енергија што ја користи, доаѓа од холандските ветерници.
Граѓаните на Утрехт се поттикнуваат да ги трансформираат своите покриви во зелени покриви преку посебни субвенции за таа намена.
Пчелите се привлечени од растенијата и цвеќињата на покривот, а не од луѓето што седат под покривот. И како што можете да прочитате погоре, пчелите воопшто не се агресивни. Луѓето често ги споредуваат со поагресивните оси, но навистина нема потреба да се плашат од овие пчели „работнички“ на овие автобуски постојки со зелени покриви.
ПРОЧИТАЈ: Зелени кровови: Примена на овој тип на градини
ПРОЧИТАЈ: Кровна зелена градина во куќа во Виетнам