Booking.com

Точното потекло на овој вид на платан (Platanus acerifolia) не е утврдено, бидејќи во суштина тој е хибрид помеѓу Platanus occidentalis (американски или западен платан) и Platanus orientalis (источен платан). Од сите видови, овој вид се покажал како најотпорен во секој поглед. Поради својата отпорност на загаден воздух, идеален за садење во градско подрачје, покрај индустриски капацитети и слично. Доста е отпорен на ниски температури. Одлично се покажал при садење во шумски услови што ја потврдува прилагодливоста на овој вид. Не бара одредени позиции за садење.

hortikultura.mk_platanus_acerifolia_2

hortikultura.mk_platanus_acerifolia_3
Бара малку поголема влажност на земјиштето. Се вбројува во групата на среднорастечки дрвја. Карактеристичната боја на стеблото се менува после лупењето на кората во текот на летните месеци. Листот на овој вид на платан доста потсетува на листот од јавор, па оттука го добил и името “јаворолистен“. Достигнува височина до 50 метри и има долг животен век.

hortikultura.mk_platanus_acerifolia_4
Цвета во периодот на појавување на листовите (машки и женски цветови). Формира плодови во вид на топка составена од голем број на семки. Се размножува со семе и вегетативно. Меѓутоа, заради ниската ‘ртливост, размножување со семе не се препорачува. Вегетативното размножување се врши со земање на резници во текот на март, април и може да се ожилуваат без хормони.
Овој вид на платан често се среќава во големите градски паркови или во дрвореди и поради тоа уште се нарекува „парковски вид“.

За оние што го посетиле Париз и шетале по познатата Шампзелизе, овој вид им е многу добро познат…

hortikultura.mk_platanus_acerifolia_6

hortikultura.mk_platanus_acerifolia_7

Loading...