Booking.com

Најдобро е семето на тревата да се сее на топло и влажно време зашто тогаш брзо ќе се вкорени. Најдобро време за сеидба на тревникот е крајот на летото или почетокот на есента. Посеаното семе во пролет, исто така, добро успева, но во тоа време земјата е постудена и има повеќе плевел. Сеењето може да се изврши и во лето ако има добар систем на наводнување, но младата трева тешко ги поднесува топлите услови и често овенува.
Соодносот при сеењето на тревата зависи од смесата или од видот. Иако треба да се земат предвид одредени отстапувања, предизвикани од фактот дека птиците ќе изедат дел од семето, многу е важно да се придржуваме до препорачаниот сооднос и да не се посее ни премногу ни премалку семе. Кога ќе се посее премалку семе, се остава доволно простор за развој на плевел кој на тревата и ја одзема храната, а воедно ќе се продолжи и времето што е потребно тревата да се „одомаќини“. Кога ќе се посее премногу семе, ќе се предизвикаат проблемите што ги создаваат влажните услови меѓу младите растенија, а тие ќе го поттикнат гниењето, кое може да ја оштети младата трева многу брзо, особено на топло и влажно време.

hortikultura.mk_podignuvanje_trevnik_2

hortikultura.mk_podignuvanje_trevnik_3
Семето може да се сее со рака или со машнна што е многу побрзо и тогаш сеењето е порамномерно. Најнапред се пресметува потребното количество семе, се помножува големината на просторот (во квадратни метри) со препорачаниот сооднос за сеење (број на семките по квадратен метар). Пред самото сеење, добро се протресува садот со семе за да се измеша добро и за да не се насобере ситното семе на дното, што би предизвикало нерамномерно распределување на разните видови трева.

hortikultura.mk_podignuvanje_trevnik_4
Машинско сеење
Ова е најдобар начин за сеење на големи површини. Се измерува точно количество семе и треба да се подели на половина. За да се постигне рамномерен распоред на семето, половина се сее во една насока, а другата половина под прав агол во однос на првата насока. Добро посеани рабови може да се постигнат така што на рабовите ќе се постави пластичен материјал или јута и преку нив ќе помине машината за сеење. На тој начин се спречува и нерамномерниот распоред на семето до кој може да дојде кога машината запира на крајот од тревникот.

Рачно сеење
Кај рачното сеење прво се разделува просторот на помали делови со иста големина. употребувајќи коноп и дрвени колци што ќе овозможи рамномерно сеење. Потоа, се одмерува точно количество семе потребно за еден дел и се разделува тоа количество на два исти дела. Едниот дел се става во сад, на пример шолјичка која ќе служи како мерка за другите делови од просторот. Сеењето се врши на секој дел посебно, сеејќи половина количество семе во една насока, а другиот дел под прав агол во однос на почетната насока. Кога ќе се заврши тоа,се сее на следниот дел од земјиштето.

hortikultura.mk_podignuvanje_trevnik_5

Нега
По сеењето, лесно се поминува со гребло по површината на земјата. Ако не се предвидува дожд, се полева засеаната површина. ‘Ртењето ќе почне за една или две седмици, во зависност од видот на тревата, температурата на почвата и на воздухот, како и од влажноста. Површината се заштитува од птици, така што ќе се покрие со мрежеста покривка или со гранки се додека семето не се „одомаќини”.
Потребно е редовно залевање кога времето е суво, затоа што младата трева е мошне осетлива на суша. Кога ќе се појави млада трева, површината нежно може да се зацврсти со валјак тежок 100 кг. Но, тоа не е неопходно.

hortikultura.mk_podignuvanje_trevnik_6

Косење

Кога тревата ќе нарасне околу 5 см, треба да се поткастри на 2,5 см. За првите две до три косења се употребува ротациска косилка, зашто косилката со валјаци може да ги искорне осетливите млади растенија. Потоа, внимателно се собира со гребло и се тргаат сите остатоци од косената трева. Ако тревата се посее доцна во лето, или рано во есен, се продолжува со косењето се до доцна наесен, за да се одржи висината на тревата на околу 2,5 см. Следната пролет постепено се зголемува висината на косењето се додека не ја постигнете саканата висина на тревата, а сето тоа зависи од типот на тревата што е употребена висина на косењето. Младите стебленца на тревата посебно се осетливи на газење, затоа треба младиот тревник да се гази што помалку во првата сезона на неговото растење.

Ова го издвоивме за вас

Како правилно да го косиме тревникот?

За да добиеме густ тревник, најбитно е негово правилно косење. Ниту една…

Како да добиете тревник како на Вимблдон?

Дали мислите дека во соседниот двор, тревата е секогаш позелена од вашата?…

Трева во ролни: Како се поставува, одржува и колку чини (ВИДЕО)

Погледнете како се подготвува подлогата, на кој начин се поставува тревата во…

Како се сузбиваат плевелите во тревникот (ВИДЕО)?

Негуваниот тревник не е само убава декорација, туку ја спречува ерозијата на…
Loading...