Booking.com

Јудиното дрво (Cercis siliquastrum) води потекло од Кина. Се смета за едно од најстарите видови на планетата. Според една легенда, името го добило по апостолот Јуда кој се обесил на ова дрво после предавството на Исус. Легендата кажува дека цветовите на ова дрво некогаш биле бели, меѓутоа после овој чин, од срам поцрвенеле.
Се вбројува во групата на листопадни декоративни дрва, односно жбунови, а често се среќава во парковите. Достигнува висина до 10 метри. Заради својот „закржлавен“ раст, ова дрво формира жбун, но со поткастрување може да се обликува во мало дрво. Главна карактеристика на ова дрво е тоа што цвета пред формирање на листовите, а тоа се случува во почетокот на месец април.

hortikultura.mk_cercis_judino_drvo_2

hortikultura.mk_cercis_judino_drvo_3

Цвета во петтата година. Директно од минатогодишните гранки и од стеблото израснуваат виолетови цветови кои ги прекриваат гранките. Плодот созрева кон крајот на есента, а на гранките останува во текот на цела зима. Отпорно е на студенило и на градски услови. За да цвета обилно бара сончеви позиции. Има скромни барања во однос на почвата, меѓутоа е битно да биде дренирана. Одлично поднесува сушни периоди. Поткаструвањето не е неопходно, освен доколку е потребно отстранување на изумрени гранки во текот на пролетта. Се размножува со семе. Семето во пролет се сее на длабочина од околу 2-3 см.

hortikultura.mk_cercis_judino_drvo_4

hortikultura.mk_cercis_judino_drvo_5
Во Шпанија и Италија јудиното дрво го нарекуваат стебло на љубовта поради бојата на цветовите и срцевидниот облик на листовите. Се сметал за симбол на Цариград – главниот град на Византија, каде растел покрај крајбрежјето на Босфорот под заштита на царската фамилија. И денес е симбол на градот Истанбул под турскиот назив „Erguvan“.

hortikultura.mk_cercis_judino_drvo_6

hortikultura.mk_cercis_judino_drvo_7

Loading...