Booking.com

Индискиот јоргован (Lagerstroemia indica) претставува декоративно дрво, односно жбун, а посебно се истакнува со своите цветови. Води потекло од Индија и Кина, а се простира дури до Австралија. Во зависност од желбата и начинот на одгледување, индискиот јоргован може да се одгледува во вид на жбун или како помало дрво, што се лесно постигнува со поткастрување.
Индискиот јоргован може да се одгледува како самостојно растение (солитер), во групи или дрвореди, додека пак ниските форми може да се одгледуваат на тераси – најчесто на Медитеранот може да се види ваква слика. Многу е едноставен за одржување.

hortikultura.mk_indiski_jorgovan_lagerstroemia_2

hortikultura.mk_indiski_jorgovan_lagerstroemia_3
Во природата достигнува висина до 8 метри, додека пак на нашето поднебје не достигнува повеќе од 3-4 метри. Поради својата отпорност на ниски температури, може да го насадите и во градината. Доколку го посадите во саксија ќе цвета многу малку. Цветовите, по кои е препознатлив, може да бидат бели, црвени, виолетови или розеви. Групирани се во вид на помали букети.
Цвета во текот на летото и есента (јуни-октомври). После цветањето, се создават плодови/чаури, кои на гранките остануваат до следната пролет. Покрај неверојатно декоративните цветови, бојата на стеблото е исто така доаѓа до израз со своите прошарани црвено-кафеави линии.

hortikultura.mk_indiski_jorgovan_lagerstroemia_4

hortikultura.mk_indiski_jorgovan_lagerstroemia_5
Индискиот јоргован бара сончеви позиции, по можност во текот на целиот ден. Во лето залевањето со вода треба да биде редовно, но умерено. Ова правило важи доколку почвата е добро дренирана, односно да не ја задржува водата. Составот на земјиштето не е толку битен, меѓутоа почвата треба да биде неутрална до благо кисела. Се препорачува прихранување за да се добие обилно цветање. Поткаструвањето е особено битно, бидејќи цветовите се формираат на гранки од тековната година, така да пред почетокот на вегетацијата треба да се отстранат слабите и непотребни гранки. Се размножува со семе или резници. Семето пред сеидба се потопува во вода 24 часа, а потоа се сее на длабочина колку пречникот на семето. Константна влажност и температура од околу 24°С се идеални услови за одгледување. Се размножува со полудрвенети резници во текот на летото и есента.

Внесете некоја новина во вашата градина или тераса и уживајте во боите на цветовите !!!

hortikultura.mk_indiski_jorgovan_lagerstroemia_6

hortikultura.mk_indiski_jorgovan_lagerstroemia_7

Loading...