Booking.com

Зимскиот период е време кога растенијата мируваат, меѓутоа тоа не значи дека треба да прекинете со грижа за нив. Ова е вистински период кога треба да почнете да размислувате за обезбедување на услови за одгледување на бонсаи во зима. Се соочуваме со студени периоди без снег. Особено опасност за сите видови на бонсаи е изложеноста на ниски температури.
За листопадните бонсаи, особено закана претставува изложеноста на повеќе денови со температури под 10°С. Во такви услови бонсаи дрвцата треба да бидат заштитени за да не дојде до изумирање. Еден од начините на заштита е да се внесат во затворен простор како стаклена градина, гаража, ходник и слично. Треба да се има во предвид дека станува збор за опстанок во вештачки услови и потребно е да се води грижа за доволна осветленост, влажност на воздухот и наводнување.
Доколку бонсаи дрвјата се одгледуваат на отворен простор, се користи покривка која ќе послужи како термички изолатор кој ќе ги заштити од мраз, односно се препорачува да се постави импровизирана заштита како слама и сено за да се спречи навлегување на ветер.

hortikultura.mk_zastita_na_bonsai_vo_zima_2

hortikultura.mk_zastita_na_bonsai_vo_zima_3

hortikultura.mk_zastita_na_bonsai_vo_zima_4

hortikultura.mk_zastita_na_bonsai_vo_zima_5

hortikultura.mk_zastita_na_bonsai_vo_zima_1

Loading...