Booking.com

На свечената манифестација „Сајт на годината 2014“, која се оддржа на 11.12.2014 во четвртокот, во фоајето на Македонската Опера и Балет во Скопје, беа прогласени најдобрите македонски веб сајтови за 2014 година во повеќе категории. Селекцијата за најдобрите сајтови ја вршеше осумчлена жири комисија и интернет посетителите во сооднос 60%-40%, според технички параметри, дизајн, функционалност, употребливост, содржина, интерактивност, иновативност и креативност на номинираните веб-страници.
Наградата за веб сајт на годината ја доби Off.net.mk а наградата за најпопуларен веб сајт во изборот на публиката, трет пат по ред ја доби порталот Fakulteti.mk.

hortikultura.mk_sajt_na_godinata_2
Останати овогодинешни победници по категории се:
– Најдобар дизајн: Kajgana.mk
– Најинформативен сајт: Time.mk
– Најдобар забавен сајт: Panika.be
– Најдобар спортски сајт: Derbi.mk
– Најдобра Facebook фан страна: Мајка ти и татко ти;
– Најдобар блог: Okno.mk
– Најдобар мобилен сајт: Grouper.mk
– Најдобар корпоративен сајт: T-mobile.mk
– Најдобар сајт за бизнис информации: Vrabotuvanje.com.mk
– Најдобар сајт за е-трговија: Grouper.mk
– Најдобар сајт за образование, наука и култура: Fakulteti.mk
– Најдобар сајт на невладина организација: Borka.org.mk;
– Најдобар владин сајт: Агенција за вработување на Македонија;
– Најдобар финансиски сајт: kb.com.mk;
– Туризам и угостителство: Radika.com.mk;
– Најдобар ИТ сајт: It.com.mk
– Најдобар сајт за автомобилизам: Porsche.com.mk;
– Мода и убавина: Femina.mk
– Храна и здравје: doktori.mk.
Во конкуренција беа над 700 сајтови, а организатори на манифестацијата се агенцијата Media Solutions и системот за online реклами keep an eye, под покровителство на Претседателот на Р.М., г-дин Ѓорѓе Иванов, ИАБ Македонија, Град Скопје и Министерството за информатичко општество и администрација.

Тимот на Hortikultura.mk се заблагодарува на сите свои верни читатели кои го дадоа својот глас и помогнаа во промоцијата на веб страната пред македонската публика. Се надеваме на поголем успех за наредната година, секако повторно со ваша помош и нови идеи.

hortikultura.mk_sajt_na_godinata_3

hortikultura.mk_sajt_na_godinata_4

hortikultura.mk_sajt_na_godinata_5

Loading...