Booking.com

Брус Вилис купи нова неверојатна вила во Бедфорд, по цена од 9 милиони долари и го напушти својот живот во Холивуд…
Овој познат глумец, кој го обожаваат и жени и мажи, со својата сопруга Ема Хеминг, неколку пати се видени во овој дел на Њујорк како посетуваат разни слободни имоти. Како се дознава, тој пред неколку дена, баш овде купил своја куќа.

hortikultura.mk_bruce_willis_vila_2

hortikultura.mk_bruce_willis_vila_3
Оваа вила е сместена блиску Њујорк. Бедфорд во последно време станува многу популарен крај за богатите и славни личности кои посакуваат да побегнат од вревата и брзиот начин на живот во градот кој никогаш не спие. Друштво на Вилис во соседството му прават Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас, кои го продале едниот, а купиле друг повеличествен дом во овој крај. Исто така, овде се и Марта Стјуарт, Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс и многу други на кои им здосадил животот во Холивуд и кои бараат малку мир.

hortikultura.mk_bruce_willis_vila_4

hortikultura.mk_bruce_willis_vila_5
Брус Вилис и неговата сопруга купиле вистински бисер во овој дел на Њујорк. Нивниот дом е прекрасен и префинет, а се простира на површина од 14 хектари и истиот се наоѓа на височина од која се нуди прекрасен поглед. Нивната вила има околу 1.000 m2 површина со луксузно дизајниран ентериер со елементи од највисок квалитет.
Особено е забележителна величенствената градина, прекрасни простори за уживање на отворено кои се идеални за организирање на забави, сето тоа го прави овој имот права оаза. Оваа вила има огромен базен со туш на отворено. Во близина на градината се наоѓаат и тениски терени и паркинг за четири автомобили. Актерот и неговата нова сопруга ја продале старата вила во Беверли хилс и сега се целосно посветени на мирен, семеен живот во своето ново гнездо.

hortikultura.mk_bruce_willis_vila_6

hortikultura.mk_bruce_willis_vila_7

hortikultura.mk_bruce_willis_vila_8

Ова го издвоивме за вас

Новиот дом на Двејн Џонсон на Флорида

Куќата се наоѓа на луксузна локација на Флорида. Има 6 спални соби,…

Кратка тура низ домот на Мерил Стрип

Оваа позната холивудска актерка, добитничка на Оскар, своевремено живеела во овој многу…

Клуни и Амал го одбраа своето љубовно гнездо

Неодамна, на самата река Темза во Лондон, Џорџ Клуни си купи прекрасна…
Loading...