Booking.com

Црн бор (Pinus nigra) – води потекло од Шпанија, на Алпите, па сѐ до должината на јадранскиот брег во Мала Азија. Главната карактеристика на овој вид растенија е нивната издржливост на најекстремни услови во кои опстануваат (во услови на снег, дожд, суша, ветер, мраз, надморска височина и сл.), како и долговечност. Црниот бор е отпорен на загадување и опстојува и до 500 години, па затоа е идеален да се сади и во градски средини.
Во однос на изборот на почва, карактеристично е што може да успее на сите видови почва – песочна, глинеста, плитка и неплодна почва. Како најсоодветно место за одгледување се сончеви позиции. Расте на секаква надморската височина, земјаќи во предвид дека расте на Алпите и по должината на јадранскиот брег.

hortikultura.mk_pinus_nigra_2
Овој вид на растение достигнува висина од 50 метри, но најчести се видовите на црн бор со висина од 25-30 метри. Цветовите кај овој вид растение се еднополови (машките и женските цветови се одвоени и растат одделно). Цвета во мај во тековната година, додека пак созревањето на шишарките е во ноември/декември и на дрвото останува во текот на целата зима.
Размножувањето на растенијата е од семе. Шишарките се берат во месец октомври додека се уште затворени за да не испадне семето. Доколку шишарките се отворени, семето може да се забележи. На пролет семето се сее на длабочина од 0,5 до 1 см, а повеќето семиња ‘ртат во рок од еден месец.

hortikultura.mk_pinus_nigra_3
Доколку сте почетник и немате доволно познавање во однос на овие видови на растенија, ова може да ви помогне да направите разлика помеѓу црниот бор (Pinus nigra) и белиот бор (Pinus sylvestris): разликата е очигледна во однос на виткоста на дрвата – кај црниот бор стеблото е право и гранките се рамномерно распоредени, додека пак кај белиот бор стеблото не е право и гранките не се рамномерно распоредени. Во однос на втората разлика, кај црниот бор кората е сиво-кафеава, додека пак кај белиот бор е посветло кафеава, портокалова и златна боја. Кај црниот бор игличките се темно зелени, долги и цврсти, додека пак кај белиот бор се со светла боја и се значително пократки.

hortikultura.mk_pinus_nigra_4

Ова го издвоивме за вас

Туја смарагд – најпопуларниот четинар во дворовите

Туја смарагд (лат. Thuja occidentalis ‘Smaragd’) е еден од најубавите и најодгледувани…

Бел бор (Pinus sylvestris) │ Декоративно дрво од кое се добива етерично масло

Дрвото од бел бор се употребува за производство на фурнир, за производство…

Џуџеста златна туја

Оваа украсна зимзелена билка (позната под името џуџеста златна туја, ориентална источна…

ШИМШИР: Кралот на живите огради

Кога во пејзажната архитектура и парковска мода започнало да се бара геометриски…
Loading...