Booking.com

Пејзажниот архитект/ка го истражува природниот простор и животната средина и даваат совети при неговото планирање, дизајн и управување, меѓутоа и за негово зачувување. Пејзажен архитект/ка може да биде само образована личност во полето на пејзажната архитектура.
Главните задачи на пејзажниот архитект се:
1) развој на нови или подобри теории, методи и политики во пејзажното планирање, проектирање и управување на локално, регионално, национално и мултинационално ниво;
2) развој на планови и политики на управување, нивен надзор, како и развој на нови или подобрени теории и методи за национални паркови и други површини наменети за опуштање и рекреација;
3) развој на нови или подобрени теории и методи за подобрување на еколошката свест и планирање, проектирање, управување и одржување на културните и/или историски пејзажи, паркови, локации и градини;

hortikultura.mk_pejzazen_arhitekt_krajobraz_2
4) планирање, проектирање, управување, одржување и следење на функционалните и естетски планови на просторот во градските, приградските и руралните средини, вклучувајќи како приватни така и јавни простори, паркови, градини, улици, плоштади, станбени населби, гробишта, споменици; туристички, комерцијални, индустриски и образовни установи; спортски терени, зоолошки и ботанички градини, површини за спорт и рекреација и фарми;
5) допринос во планирање, естетски и функционален дизајн, управување и одржување на инфраструктурата – улици, брани, енергетски и други поголеми развојни проекти;
6) изработка на пејзажни анализи и процена – еколошка и визуелна процена;

hortikultura.mk_pejzazen_arhitekt_krajobraz_3
7) преглед на локација и анализа на низа фактори – клима, почва, флора, фауна, површински и подземни води и одводнување, консултации со клиентите и давање препораки за начинот и текот на работата на пејзажни проекти;
8) идентификација и развој на соодветни решенија во поглед на квалитетот на животната средина во градски, приградски и рурални области и изработка на дизајни, планови и работни цртежи, спецификации на работата, проценка на трошоците и рокови;
9) следење на спроведувањето и надзорот на изградбата на планираните проекти како би се обезбедила усогласеност со плановите, спецификација на работата, проценки на трошоците и рокови;
10) спроведување на истражувања, подготовка на научни трудови и технички извештаи, креирање на политиката за развој, настава и советување за аспектите поврзани со пејзажната архитектура, како на пример употребата на географски информациони системи, далечинско набљудување, закони, пејзажна комуникација, толкување и пејзажна екологија;
11) управување со пејзажно планирање и развој на проекти;
12) вршење на задачи поврзани со планирање и проектирање;
13) надгледување на другите вработени/работници

Доколку имате смисол за убавина, естетика и детали, оваа работа е идеална за вас. Ништо друго не може да ви пружи поголемо задоволство од создавањето убавина која сите ќе ја видат. Соодветна диплома ќе ви обезбеди одлична работа, а другите ќе ви завидуваат на вашата креативност.

hortikultura.mk_pejzazen_arhitekt_krajobraz_4

Ова го издвоивме за вас
Loading...