Booking.com

Во зима, во екот на грејната сезона, собните растенија бараат поголема нега бидејќи топлиот и сув воздух во просторијата има негативно влијание врз нив. Цвеќето не треба да го држите ниту во преладна, ниту во претопла просторијам а идеална температура е околу 15-20°С. Имајте на ум дека надворешната температура преку ноќ се спушта под нулата, па најдобро е цвеќето да го преместите подалеку од прозорот.
Во зима се прекинува со прихрана на растенијата, освен оние видови кои цветаат во текот на зимата, како што е божиќниот кактус или цикламата. За да добиете убав раст на цвеќето, редовно треба да им ги отстранувате сувите лисја.
Внимателно со водата – Повеќето собни растенија поретко се залеваат во зима (земјата не треба да биде сува). И не се грижите, тие подобро поднесуваат суша, отколку преголема влажност. Најдобро е во домот да формирате т.н. собна градина, во која ќе ги групирате вашите растенија со цел да ја добијат потребната влажност.
Цикламата, азалеата и останатите видови на зимско цвеќе се залеваат на секои 2-3 дена. Кактусите држете ги на темно место, на температура до 10°С и не ги залевајте од ноември до февруари.
Подалеку од промаја – Нагла промена на температурата негативно влијае врз растенијата и затоа секој пат кога проветрувате во станот треба да го заштитите истото од промаја. Саксиите со цвеќе (кое бара светлина) држете ги што поблиску до прозорот, но никако преблиску до радијатор, греалица и клима уред. Инаку, застојаниот воздух и чадот од цигарите ја намалува отпорноста на собното цвеќе на напади од инсекти, габи и други штетници.
Совети за пресадување – Растението кое ќе го купите на есен треба да остане во истата саксија до пролет. Меѓутоа, ако баш сакате или морате да пресадете некој цвет, обавезно набавете нова земја и саксија за еден број поголема од претходната. Посебно внимание обратете и на осветлувањето , бидејќи во зима не само што деновите се пократки, туку и интензитетот на светлината е многу послаб. Поради тоа, неопходно е дополнително осветлување за сите видови на растенија кои се повеќе од еден метар подалеку од прозорот.

5 НАЈОТПОРНИ РАСТЕНИЈА:
* Сингониум – не поднесува промаја и сув воздух
* Врисеја (индијанско перо)  – не го залевајте премногу во зима
* Спатифилум – бара поголема влага
* Бегонија – бара свеж воздух
* Јука – бара поголема светлина

hortikultura.mk_spathiphyllum_2

hortikultura.mk_vriesea_3

hortikultura.mk_yucca_3

Loading...