Booking.com

Оваа украсна зимзелена билка (позната под името џуџеста златна туја, ориентална источна туја) води потекло од Јужна и Источна Азија. Thuja orientalis “Aurea Nana” е од видот чемпреси што многу споро растат и достигнува висина од 1,5-1,8 метри. Многу добро успева на сончеви позиции и добро дренирано тло. Бара благо кисели почви. Во почетокот на пролетта со своите жолто зелени лисја добива атрактивен изглед и го добива својот полн сјај.
Не бара многу одржување, меѓутоа бара редовно наводнување, скоро секој ден во текот на 2-3 недели после садењето. Се размножува со делење и со полутврди резници. Првите 2 години по садењето, додека коренот е неразвиен, потребно е редовно ѓубрење во периодот на вегетативен раст (во пролет) и редовно наводнување во текот на целата сушна сезона.

Се користи како растение за уредување на дворови, паркови, живи огради и слично.

hortikultura.mk_thuja_orientalis_aurea_nana_2

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

hortikultura.mk_thuja_orientalis_aurea_nana_4

hortikultura.mk_thuja_orientalis_aurea_nana_5

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

hortikultura.mk_thuja_orientalis_aurea_nana_7

Ова го издвоивме за вас

Туја смарагд – најпопуларниот четинар во дворовите

Туја смарагд (лат. Thuja occidentalis ‘Smaragd’) е еден од најубавите и најодгледувани…

Маслинка | Тајните во одгледувањето на ова медитеранско дрво (прв дел)

Маслинката (лат. Olea europaea) е зимзелено дрво кое води потекло од Медитеранот,…

Бел бор (Pinus sylvestris) │ Декоративно дрво од кое се добива етерично масло

Дрвото од бел бор се употребува за производство на фурнир, за производство…

ШИМШИР: Кралот на живите огради

Кога во пејзажната архитектура и парковска мода започнало да се бара геометриски…
Loading...