Booking.com

Палмите се егзотични билки и во секој ентериер го даваат оној медитерански мирис…

Тие се исклучително ценети лисно декоративни растенија, а oд нeколку илјади познати видови, како саксиско собнo растение се одгледуваат само дваесетина видови:

Палма Kentia (Howea)
Овој вид на палма е една од најатрактивните собни палми. Ја нарекуваат „рајска палма“ заради елегантните долги степенасто распоредени листови. Листовите на оваа палма се благо завиени со врвовите надолу, со темно зелена боја. Преку лето се одгледува на добро засенчени места, во дворот или балконот, со често оросување. Во старост достигнува висина до 10 метри.

hortikultura.mk_kentia_howea_1

hortikultura.mk_kentia_howea_2

Chamaedorea палма
За разлика од другите палми, овој вид Chamaedorea не бара преголем простор за одгледување и достигнува висина до 1 метар. Има витко стебло на кое се наизменично распоредени расчешлани листови со светло зелена боја. Преку лето треба да се одгледува и негува во собни услови.

hortikultura.mk_chamaedorea_3

Феникс (Phoenix) палма
Една од најотпорните палми е Феникс палмата. Листовите и се доста јаки, во однос на претходно опишаните палми. Има погруба градба, со широки листови. Преку лето треба да се одгледува на отворен простор, во дворот или на балконот на полна светлост.

hortikultura.mk_phoenix_4

hortikultura.mk_phoenix_5

Chamaerops палма
Ова е палма со необична убавина и виталност чии нежни листови создаваат густа декоративна розета над дрвенастото стебло. Во собни услови достигнува висина 4-5 метри. Преку лето се одгледува во надворешни услови на полна светлина. За овој вид на палма, во зимскиот период треба да се обезбедат температури од 12-20ºС, умерена изложеност на сонце и залевање кое ќе ја одржува умерена влажноста на почвата. За добар развој на растението потребно е да се врши прскање-туширање на листовите со вода.

hortikultura.mk_chamaerops_7

hortikultura.mk_chamaerops_6
Во текот на летото овие палми треба да ги задржите во собни услови, често да се залеваат и тушираат во текот на големите горештини. Видовите на палми како Phoenix и Chamaerops, во текот на зимата може да се сместат и во поладни простории кои се заштитени од мрзнењесо температура од 5-8ºС, со повремено залевање, а во лето да ги изнесете на сончеви места, во дворот или балконот, каде започнува нивниот буен раст.
Во тој период, потребно е обилно залевање два апти дневно, како и прехранување на секои 15 дена. Палмите додека се млади, со помали димензии, треба да се пресадуваат секоја трета или четврта година во песочлива земја со добра дренажа. Кога палмите ќе пораснат, доволно е секоја пролет да се изврши окопување на површинскиот слој на земјата во саксијата (5-8 cm), на тој начин што нема да го оштетите коренот, а притоа ќе додадете и хранлива земја.
Палмите се размножуваат исклучиво со семе. ‘Ртењето на семето може да потрае доста долго и до една година, па поради тоа пред садењето треба да му направите мал засек и да го залевате со млака вода.

Loading...