Booking.com

Оваа палма е прекрасен егзотичен украс за ентериери, а во лето и за екстериери. Посебно е добар избор за тропски стил на уредување на вашиот двор.
Кокосова палма – кокос (Cocos nucifera) е дрво од фамилијата на палмите (Arecaceae) и единствениот вид од родот кокос (Cocos). Заради својот егзотичен и уникатен изглед се нарекува кралица на палмите. Поимот потекнува од португалски и шпански збор од XV век coco, што значи „глава“ или „череп“,поради трите дупки на оревот што личат на човечко лице. Потеклото на кокосовото дрво не е сосем утврдено. Едни тврдат дека тоа се краиштата околу Меланезија и Малезија, или пак околу Индискиот Океан, а други пак сметаат дека потекнува од северозападна Јужна Америка. Расте низ тропските и суптропските краишта.

hortikultura.mk_kokosova_palma_2
Кокосовите палми се одгледуваат во преку 80 земји во светот, произведувајќи 61 милиони тони кокосови ореви годишно.
Кокосовата палма расте до висина од 30 метри и има перјесто зеленило со должина од 4-6 метри. Кога ќе се исушат, паѓаат целосно, и стеблото останува мазно. Постојат два типа на оваа палма: високи и џуџести. Собната палма расте многу споро, меѓутоа дури и во затворен простор достигнува висина до 3 метри.
На мошне плодно земјиште, палмата дава до 75 ореви годишно, но најчесто од секое дрво се добиваат најмногу до 30 поради несоодветната земјоделска практика. Во последно време приносите се поголеми благодарение на напредокот во тениката на одгледување. Цветањето се одвива непрекинато преку целата година.

hortikultura.mk_kokosova_palma_33
Оваа палма е многу осетлива на условите и начинот на одгледување и поради тоа не се препорачува на почетници. Првите 2 до 3 години се најкритични за нејзиниот опстанок и ако го помине овој период, може да живее многу години. Кокосовата палма расте на песоклива почва и голема отпорност на сол. Претпочита и места со многу сонце и обилни врнежи (1500-2500 мм годишно), па затоа е толку честа по бреговите во тропските предели. Дрвото бара и доста влага (70–80%+) за да расте правилно, и затоа не вирее на топли, но суви места. Не трпи студ и најдобро успева при средна годишна температура од 27°C. Идеална температура е од 21-23°C. Растот забележително се намалува под 21°C. Минимална температура во зимскиот период е 18°C. Дрвата многу тешко успеваат во сува клима и не растат без обилно наводнување.

hortikultura.mk_kokosova_palma_4

hortikultura.mk_kokosova_palma_5
Летниот период саксијата со оваа палма треба да ја изнесете на тераса, балкон или во градината за да се осигура добро проветрување. Прихранувањето се врши од мај до август, секоја втора недела со ѓубриво.
Кокосовата палма се размножува во пролет од кокосовиот орев или од семе. Многу е тешко да се одгледа кокосова палма од орев, бидејќи бара висока температура на воздухот во периодот на никнење на семето, околу 24°C, со висока влага на воздухот. Еден од начините на размножување е следниов: се става кокосовиот орев во саксија со мешавина од земја и песок (50/50) и се закопува до пола. Саксијата се поставува на што потопло место, покрај радијатор или друго грејно тело, а земјата треба постојано да биде влажна. Ако семето не никне ни после 2 месеци, тоа значи дека размножувањето е неуспешно. Другиот начин на размножување е следниов: во кеса се става кокос со влажен песок, добро се врзува и се поставува покрај радијатор или друго грејно тело. Ако кокосот е „свеж“ ќе изрти во рок од 20 дена до 2-3 месеци. Ова најдобро се прави во зима за да може да порасне до следната зима и да се аклиматизира. Кокосовата палма се пресадува во нова саксија дури кога корењата ќе ја исполнат целосно саксијата.

hortikultura.mk_kokosova_palma_6 hortikultura.mk_kokosova_palma_7

Loading...