Booking.com

Бонсаи е уметност на естетска минијатура на дрвја по пат на нивно растење во садови. Бонсаи на јапонски значи „засадено во сад”. Може да се создаде речиси од секој вид дрво или грмушка.

Тоа се растенија што се закржлавени, но си ја задржале формата. Некои видови дрвја се попогодни за одгледување како бонсаи поради нивните природни карактеристики да имаат мали игли или листови. Целта на одгледување бонсаи е да се направи рамнотежа меѓу човекот и природата, а одгледувачите на бонсаи во себе ја негуваат креативноста и секоја година преку своите дрвја одново го доживуваат ритамот на природата и годишните времиња. Одгледувањето бонсаи бара многу трпение и внимание, а како награда за вложениот труд се добива внатрешна смиреност.

hortikultura.mk_bonsai 4

Обликувањето и смалувањето на дрвјата се постигнува со неколку основни, но прецизни техники. Минијатурноста на дрвото и на листовите се одржува со рамномерно кастрење на лисјата и на корењата. Тука се применуваат разни методи бидејќи секој вид дрво се напупува поинаку, Покрај тоа, извесни кастрења мора да се вршат сезонски бидејќи најмногу дрвја имаат период на мирување кога не растат корења и лисја; несоодветното кастрење може да го ослаби или уништи дрвото. Дрвјата соодветни за бонсаи се обликуваат со жица. Бакарна или алуминиумска жица се обвиткува околу гранките и стеблата држејќи ги гранките додека тие самите не се здрват, па потоа се отстранува жицата. Некои видови не се здрвенуваат многу или се веќе премногу крути за да бидат обликувани на тој начин. Во тој случај, обликувањето се врши главно со кастрење.

Постојат најразлични стилови на бонсаи, со тоа што извесни се почести од сите други. Oва се формалниот исправен, накривениот, неформaлниот исправен, каскадниот, полукаскадниот, сплав, литерати, и групен/шумски стил.

Во Македонија потенцијални бонсаи се зеленика, габер, бука, јасен и бор. Со помош на посебни техники на кастрење на крошната и на корењата и чување во мали саксии, тие растенија се одржуваат минијатурни во развојот.

Со стиловите и техниките на одгледување на бонсаи повеќе ќе ве запознаеме во некој од наредните прилози, а во меѓувреме уживајте во овие минијатурни уметнички дела на човекот и природата…

OLYMPUS DIGITAL CAMERA hortikultura.mk_bonsai 3 hortikultura.mk_bonsai 5 hortikultura.mk_bonsai 6

 

Loading...