Booking.com

Ланската 2014 година се случи за првпат да бидеме номинирани во неколку категории во изборот за Најдобар сајт на годината. И оваа 2015 година нашиот сајт www.hortikultura.mk повторно е номиниран и се натпреварува во 4 категории:
– Најдобар сајт за 2015 година
– Најдобар дизајн
– Најдобар мобилен сајт
– Најдобра фесјбук страна
На линкот тука можете да гласате и да ни ја дадете вашата поддршка. Сè што треба да направите е да кликнете на „Гласај“, да ја напишете вашата е-адреса, по што на истата ќе добиете линк каде ќе го продолжите гласањето.

Најдобрите сајтови во 18 категории ги бира жири комисија, која ги оценува според неколку критериуми, а публиката влијае само со 40 отсто од гласовите во изборот. Секој интернет посетител може да распредели 3 гласа во секоја категорија и тоа 10, 6 и 2 поени. Гласањето ќе трае до 09.12.2015 година.
Прогласувањето на најдобрите сајтови за 2015 година ќе се одржи на 14.12.2015 во фоајето на МОБ во 19:00 часот, при што ќе се поделат симболични награди и плакети на победниците од секоја категорија.

hortikultura.mk_sajt_na_godinata_2015_3
Mанифестацијата “Сајт на Годината” во организација на Media Solutions и системот за онлајн реклами keepaneye.mk се одржува по шести пат оваа година.
Изборот на Сајт на Годината е проект која има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија. Сајт на Годината ги адресира сите прашања поврзани со електронскиот медиум и простор во Македонија. Мисијата на оваа манифестација е да го подигне нивото на електронскиот медиумски простор во Македонија преку препознавање и наградување на најдобрите остварувања од разни области на електронското издаваштво и развој на интернет културата во Македонија.

Loading...