Booking.com

Неодамна, на самата река Темза во Лондон, Џорџ Клуни си купи прекрасна островска куќа. Куќата се наоѓа во селото Sonning Eye кое има прекрасни пејзажи кои и даваат сосема поинакво светло на околината. Оваа куќа е оддалечена само 40-тина километри од канцеларијата каде работи неговата сопруга Амал.

Самата куќа се нарекува Mill House и се наоѓа на островот Mill. Датира од 17-от век, а покрај неа се наоѓа прочуениот ресторан-театар. Куќата има 8 спални соби, 7 купатила, теретана, спа, библиотека и работна соба, како и сопствен вински подрум.
Џорџ Клуни тотално се заљубил во ова место со прекрасни пејзажи додека го снимал неговиот филм „The Monuments Men“.
Посебна приказна е градината на куќата. Во неа се наоѓа специјален стакленик, градинарски павиљони и алеја од магнолии – сè она што можеме да го замислиме кај типичните англиски селски куќи.

hortikultura.mk_kuka_george_i_amal_1 hortikultura.mk_kuka_george_i_amal_4 hortikultura.mk_kuka_george_i_amal_3

Loading...