Booking.com

Џенифер Лопез сега е во њујоршки фазон. За нејзиниот имот на Менхетен издвоила од својот џеб дури 22 милиони долари. Нејзиниот стан се наоѓа во новиот дистрикт Флатирон кој е доста популарен меѓу меѓу познатите личности. Нејзини најблиски соседи се Челзи Клинтон и шампионот на Наскар Џеф Гордон.

hortikultura.mk_jennifer_lopez_manhattan_1 hortikultura.mk_jennifer_lopez_manhattan_2
Станот со своите 6 спални и 6 купатила е доволен за Џеј Ло и нејзините шестгодишни близнаци Макс и Ем. Станот истовремено е и паметен дом, односно целиот ентериер може да се контролира преку нејзиниот iPhone.
Доколку се прашувате како успеала меѓу многуте обврски да одвои време и за декорација на овој стан, тогаш одговорот е доста едноставен. Станот веќе бил опремен кога го купила и тоа благодарение на дизајнерот познат како Џереми Брент.

hortikultura.mk_jennifer_lopez_manhattan_3 hortikultura.mk_jennifer_lopez_manhattan_4 hortikultura.mk_jennifer_lopez_manhattan_5
Тој го дизајнирал во модерен и гламурозен стил. Дефинитивно Џеј Ло ќе ужива со стил, а доколку и здосади овој ентериер, може лесно да се пресели во зелената оаза на огромната тераса која е составен дел на овој стан.

Како ви се допаѓа овој луксузен апартман?

hortikultura.mk_jennifer_lopez_manhattan_6 hortikultura.mk_jennifer_lopez_manhattan_7

Loading...