Booking.com

Јапонскиот јавор (Acer japonicum) веќе станува неизоставен дел од секој двор, поради својот нежен изглед и фино назабени лисја. Овој вид на јавор води потекло од Јапонија,  Кореја, Источна и Централна Кина. Расте како џбун и достигнува висина од 6-8 метри. Кога се одгледува во саксии достигнува висина од 1-3 метри. Ова растение има широк спектар на бои во различен период од годината и поради тоа најчесто се среќава во дворовите со што ја збогатува декоративноста во било кое годишно време.

hortikultura.mk_japonski_javor_2

Тоновите варираат во зависност од периодот, а најчесто се преоди од светлозелена, портокалова, црвена и розе.

Со цветање започнува во април и трае до мај и е препознатлив по своите пурпурно црвени цветови. За правилен раст бара посебни услови, односно добро дренирана и почва богата со хранливи материи. Треба особено да се обрати внимание и на тоа каде се сади бидејќи овој јавор бара сенка и не поднесува ветровити места. Јапонскиот јавор е вид кој е задолжителен во познатите јапонски градини како битен елемент и е погоден за алпинетуми.

Се размножува вегетативно со резници и калемење. Со резници се размножува на тој начин што се зема резница со 4 листа рано напролет (зелени резници). Долниот дел од резницата се сече рамно, а горниот рез се сече косо. Долниот дел од резницата се натопува во фитохормон.

Јаворот се смета за дрво на интелегенцијата и има исклучителна симболика. Ако се одгледува во саксија тогаш земјата не смее да се исуши, но не смее да биде и премногу влажна. Пресадувањето треба да се врши на секоја трета година. Прихранувањето се врши кон крајот на април со ѓубриво кое бавно се разложува.

hortikultura.mk_japonski_javor_3

hortikultura.mk_japonski_javor_4

Loading...