Booking.com

Многу е лесно да се заљубите во лавандата – растение кое поседува атрактивни лисја, прекрасен цвет и волшебен мирис…

Лавандата е растение кое е отпорно на суша и совршено за разновидни градини и стилови, од медитерански до англиски тип на градини. Таа секогаш нè асоцира на лето поради својот свеж мирис, но и медитеранското потекло. Лавандата е едно е најароматичните и најлековити билки кое ги има во нашите дворови.

hortikultura.mk_lavanda_2

Благодетите од лавандата ги познавале уште старите Грци и Римјани кои ја користеле за освежување, дезинфекција и лечење,  а за исти цели се користи и денес. Бидејќи може да се сади во саксии, совршена е за градски екстериери во кои често се соочуваме со немање доволно простор. Во дворот нема потреба да се залева, освен ако се пресадува, додека пак лавандата во саксија се залева како и секое друго цвеќе. Најдобро е да се сади во саксии од теракота или керамика, како би се создала подобра изолација и подобри услови за раст.

Како диворастечко растение е распространето во Јужна Франција, Источна Шпанија, Италија и Северна Африка. Ова растение, исто така, може да се одгледува и на нашите полиња. Тоа нема многу големи барања по однос на почвата. Успева скоро на сите типови почва кои содржат доволно варовник. Расте и на многу сиромашни и каменити почви. Не и одговара само влажна и кисела почва. Како топлољубиво растение има големи потреби од топлина, а особено за светлина. Се препорачува да се одгледува на поголема надморска висина, максимум до 500 метри. Треба да се сади на јужна, незасенета експозиција, која не е изложена на ветрови.

Munstead English lavender

Еднаш штом ќе се засади, ќе го украсува вашиот двор со години. Оваа билка цвета два пати годишно. Ве советуваме да ја потшишате после секое нејзино цветање, бидејќи на тој начин секое наредно цветање ќе биде подобро.

Цветовите од лаванда, освен за декорација, може да се искористат за добивање на етерично масло, против молци во ормарот, за подготовка на чаеви, додаток во јадење…

hortikultura.mk_lavanda_4

hortikultura.mk_lavanda_5

hortikultura.mk_lavanda_6

Loading...