Booking.com

Пред една година, американскиот дизајнер и научник, кој живее и работи во Стокхолм, Симон Морис, ги лансираше на пазарот своите лебдечки лампи. Оваа негова иновација фрла ново светло во светот на дизајнирањето на расвета. Денес Морис и Flyte тимот го одведоа овој концепт многу подалеку, со својата нова иновација „Lyfe“ – лебдечки систем за одгледување на растенија на нулта гравитација, што им овозможува на корисниците да си имаат свое зеленило во воздухот.
Исто како и лебдечките лампи, Lyfe саксиите ротираат во воздухот, со што растението добива подеднаква сончева светлина од сите страни. Овие саксии се дизајнирани од 12 геодетски страни, направени од силикон и дренажен систем во нив кој ги штити станарите од претерано залевање. Саксијата содржи и прилагодено обликуван Lyfe магнет, кој ја подига од електромагнетната база и на тој начин таа левитира. Ова е многу интригантен спој на природата и научната фантастика.

hortikultura.mk_lyfe saksii_2

hortikultura.mk_lyfe saksii_3

hortikultura.mk_lyfe saksii_4 hortikultura.mk_lyfe saksii_5

hortikultura.mk_lyfe saksii_7

hortikultura.mk_lyfe saksii_8

Ова го издвоивме за вас

Професија на иднината: Пејзажен архитект

Пејзажниот архитект/ка го истражува природниот простор и животната средина и даваат совети…
Loading...