Booking.com

Албицијата (Albizia julibrissin – Fam.Mimosaceae) е листопадно дрво или голем џбун со висина до 10 метри и ширина до 6 метри. Широко е распространето од Ирак до Јапонија. Нејзината прозрачна, широка крошна е со елегантни листови кои се налик на папрат. Цвета од јули до септември, а цветовите се собрани и атрактивно свиленкасти, мирисни, со ружичасто-бела боја со жолти прашници. Иако има тропски изглед, овој вид е доста издржлив и на наши услови – добро поднесува ниски температури. Најпогодно места за садење се оние кои се заштитени од мраз. Расте скоро на секакви типови на почва, освен на екстремно сиромашни (песокливи до глинести) и на кисели или базни почви. Баш и одговара умерено влажна до влажна клима, меѓутоа добро ги поднесува и летните горештини, па затоа е иделна за садење во градски средини, каде во текот на летните месеци се јавува рефлектирачко зрачење од зградите, бетонот и асфалтот (средина во која некои други видови не успеваат).

hortikultura.mk_albizia_2 hortikultura.mk_albizia_3 hortikultura.mk_albizia_5
Отпорна е на ветар и аерозагадување. Најдобро расте и цвета на сончеви позиции, меѓутоа поднесува и благо засенчување. Со оглед на целокупниот изглед и долгиот период на цветање, овој прекрасен вид е идеален за поединечно садење на тревници, а крошната пропушта доволно светлина за да може тревникот слободно да расте, без да му се прави засенчување.
Ова дрво се нарекува и „заспано дрво”, бидејќи навечер листовите му се затвораат во заспана состојба.
Исто така, албицијата е прав избор за подигнување на тропска или медитеранска градина (на пример околу базен). Одличен избор е за мали градини и дворови и за кровни градини.
За зимски градини се одгледува видот Albizia lophantha која цвета од март до мај. И двата вида на албиција може да се користат за бонсаи.

hortikultura.mk_albizia_4 hortikultura.mk_albizia_6 hortikultura.mk_albizia_7 hortikultura.mk_albizia_8 hortikultura.mk_albizia_9

Loading...