Booking.com

Со правилен избор на растенија, можете да го декорирате вашиот простор во сосема поинаков стил од оној што претходно сте го имале, а ние ќе ви дадеме неколку предлози од хортикултурата за необична декорација на ентериерот.

1. Трик со огледало
Имајте на ум еден трик доколку сакате да го зголемите ефектот на вашите растенија – употребете огледала! Било кое растение да го употребите, големите огледала ќе го рефлектираат зеленилото во просторот. Деталите ќе се истакнат, без завземање на додатен простор. Особено е занимливо ако додадете округли елементи, како што се чинија или вазна во облик на топка, кои го омекнуваат просторот.

2. Природата во мало пакување
Кактусите во опкружувањето создаваат убави геометриски форми, а феноменален ефект се постигнува ако со нивна помош направете пејзаж. На тој начин, со засадените растенија ќе внесете еден мал дел од природата во вашиот дом. Кактусите се одгледуваат многу едноставно, потребно е само да имаат доволно светлина. За нивна декорација можете да користите песок и каменчиња, а можете да изберете и разни видови на кактуси кои ќе цветаат и долго го задржуваат цветот. Минијатурните градини претставуваат вистинско ремек дело, а можете да искористите и мали фигури во вид на куќички, направете патеки од чакал, а оние повештите можат да засадат и мало дрво кое ќе го одледуваат како бонсаи. Сè зависи од вашата креативност, а за постапката за изработка на минијатурни градини веќе пишувавме претходно на нашиот портал.

3. Комбинација на растенија и декорација
Ситниците можат многу убаво да го украсат вашиот дом, па посебно внимание посветете на саксии и вазни во кои го чувате вашето цвеќе или растение. Многу интересно би било доколку на вашиот прозорец ставете две саксии во форма на вазна, како на сликата. Доколку сакате да го привлечете вниманието на минувачите, украсете го просторот со необично цвеќе. Одберете своја необична комбинација.

4. Терариумот е чудо
На многу едноставен начин можете и сами да си направете терариум – мали екосистеми. За начинот на одгледување на терариуми пишувавме претходно на нашиот портал, но едно е сигурно – ова е налесниот начин да си одгледувате растенија без било каква потреба за редовна нега. Делуваат многу декоративно и се идеални за минималистички ентериери, каде доаѓа до израз нивната впечатливост.

5. Вкусни зачински растенија
Во градските средини луѓето се потполно одвоени од природата, а единствениот начин да вкусите билка која сами сте ја одгледале е да си посадете во вашата кујна. Потребно е да одвоите едно ќоше од кујната или на терасата, одберете ги растенијата и садот во кои ќе ги одгледувате.

6. Неверојатен поглед на цитруси
Во елегантните минималистички простори, кои во текот на зимата делуваат ладно, направете нешто несекојдневно – одгледувајте дрво на ќе растат лимони, мандарини или портокали. Во текот на зимските месеци, зелените лисја и живописните плодови од ова дрво, ќе внесе ведрина, свежина и медитерански дух на самиот простор.

7. Мало дрво во средина на ентериерот
Одгледување на бонсаи е совршен начин секојдневно да си имате едно дрво покрај себе кое ќе го негувате. Освен визуелниот ефект во ентериерот, одгледувањето на бонсаи ве стимулира да го вежбате вашиот мир и посветеност кон еден минијатурен проект. Погледнете некои од најубавите видови на бонсаи кои можете да започнете да ги одгледувате.

8. Вертикални градини – градини кои растат во висина
Заради соочувањето со малиот животен простор во модерните градови, се изродила потребата за дизајнирање на различни видови на вертикални градини. Во нив можете да засадете различни украсни и зачински билки, а за тоа ќе ви биде потребна стабилна вертикална површина, најдобро е на тераса или во кујнскиот простор. Погледнете некои од најубавите вертикални градини.

9. Цвет на таван
Вазните и саксиите веќе не се споредни предмети, денес дизајнерите на вакви декоративни предмети за домот и градината посебно ги осмислуваат, а некои дури им нашле место и на таванот. Ако сакате на вашите гости да им го привлечете вниманието со цвеќе кое виси од таванот, тогаш висечките вазни се идеален начин.

Ова го издвоивме за вас

6 растенија кои се бели дробови на нашиот дом

Ние не размислуваме премногу за квалитетот на воздухот во нашиот дом… За…

Кеукенхоф │ Најубавата пролетна градина во светот

Дали некогаш сте виделе градина со повеќе од 7 милиони лалиња, зумбули,…

Дали да се биде пејзажен архитект или пејзажен дизајнер? Што е подобро… (прв дел)

Постои мислење дека планирањето на прекрасен парк или уредување и дизајнирање на…

Декорации за Велигден кои ќе ве направат повесели за празниците (ФОТО)

За да имате поинтересни Велигденски празници, поиграјте си со пролетни цветни фигури…
Loading...