Booking.com

Здрав зелен тревник понекогаш тешко се достигнува и одржува, посебно во подрачје со послаб квалитет на земјиште или со рестрикции на вода…
Вештачката трева е супер опција за сопственици на куќи кои посакуваат тревник без многу одржување. Вештачката трева се поставува многу лесно, а крајниот резултат е неверојатен, со свеж изглед. Постојат професионалци кои можат да ја завршат оваа работа за вас, па дури и да го уредат целиот ваш двор, меѓутоа ако имате малку слободно време и волја, ова е проект „направи сам“ кој е многу едноставен. Ви препорачуваме секогаш сами да си купувате вештачка трева, бидејќи само тогаш можете да одберете таков вид што вам ви се допаѓа и по цена која вам ви одговара.


Ако го отстранувате стариот тревник, имајте во предвид дека ќе имате многу работа. Најдобро е да изнајмете машина која ќе го исече и на тој начин да го преместите на друга локација или да го подарите на некој ваш пријател на кого би му бил од голема корист. Ако вашиот тревник е во лоша состојба и му нема спас, морате да ја отстраните целата трева и да го израмните земјиштето. За тоа ќе ви биде потребна лопата, количка и ракавици.

Постојат неколку чекори кои мора да се превземат пред самото поставување на вештачката трева. Некои од нив не се обврзувачки, меѓутоа најдобро е да се посоветувате околу самиот процес на поставување со некое стручно лице во продавницата или да го контактирате произведувачот.


Ако имате проблем со плевелот, можете да купите ткаенина која го контролира плевелот и го спречува неговиот раст и создавањето на нерамнини на вашиот тревник. Откако ќе го израмните земјиштето, можете да започнете со поставување на подлога, која за некои видови на вештачка трева не е неопходна, бидејќи е веќе прикачена за нејзината основа.

Вашиот вештачки тревник ќе биде спакуван во ролни, а се што треба да направите е да го раширите и позиционирате на правилното место. За покривање на поголеми површини, користете повеќе ролни на вештачка трева и внимавајте да ориентацијата на тревата биде иста за секоја ролна. После зацврстувањето и четкањето на ролните, нема да можете да ја приметете разликата помеѓу две ролни, а вашиот тревник ќе изгледа комплетен.


За самата инсталација на тревникот, ќе ви биде потребна голема количина големи поцинковани клинови за фиксирање на ролните. Тие се забиваат со чекан во земјата, така да нема дабидете изложени на метални рабови.


Доколку имате куќни миленици, имајте во предвид дека вештачката трева воопшто не им смета. Во случај да вашите миленици вршат нужда на вештачката трева, тогаш само попрскајте со црево за да ја исчистите. Исто така, постои опција со купување на спреј кој е наменет исклучиво за такви потреби.
Единствена лоша страна на вештачката трева е фактот што ја задржува топлината и може да биде претопла за вашите стапала во текот на летото. Ако имате мали деца, обавезно ги облекувајте во патики или повремено ја прскајте со ладна вода. Вештачкиот тревник е идеална опција за луѓе кои немаат слободно време, бидејќи истиот не бара многу одржување, залевање и уредување, како што е случајот кај природниот тревник.

Loading...