Booking.com

Ви преставуваме 6 доста необични предмети за кои не сте знаеле дека можат да бидат идеални саксии за сукуленти

Со малку креативност, сè што ќе ви се најде на патот или ви прави неред во домот, може да биде ваша прекрасна саксија за сукуленти. Постои причина зошто овие растенија се толку популарни – тие се привлечни бидејќи се лесни за одржување, што значи дека можете да ги поставите во било што и тие ќе успеат, па дури и во светлосна диско топка.

Диско топка
Дали можете да поверувате дека овие микро диско топки некогаш служеле за украс? Меѓутоа, истиот момент кога ќе го отстраните нивниот врв и во нив ставете земја, тие се претвараат во саксии кои ќе го украдат вашето внимание.

Лего коцки
Никогаш веќе нема да стапнете на тие напорни играчки, кои се расфрлани низ домот, кога ќе ги украдете, односно позајмете од вашето дете за да ги искористите како минијатурни саксии.

Вински тапи
Кога ќе испиете едно цело шише вино, не постои причина да ја задржите тапата. Во нашата галерија можете да видите пример како со помош на џебно ноже од една винска тапа може да се направи минијатурна саксија за сукуленти.

Ретро пронајдоци
Ако по некоја случајност поседувате стар телефон со бројчаник кој се врти, веројатно не сакате да го користите за секојдневни потреби. Сепак, овој телефон за вас има голема емотивна вредност и ве потсеќа на детството, така да можете да го пренамените и да го претворите во прекрасна мала саксија.

Држачи за четки за заби
Заборавете на старата функција на вашите држачи за четки за заби, бидејќи овде ви ја претставуваме можноста во нив да засадите здрави сукуленти.

Пластични играчки
Искористете ги пластичните диносауруси на вашите деца и претворете ги во единствени саксии за сукуленти во кои може да уживаат сите членови на семејството.

Loading...