Booking.com

Кога се планира професионално хортикултурно уредување на градините и терасите, секако во преден план доаѓаат дрвените платформи (анг.decking), кои се уште едно атрактивно решение за терасите, градината и просторот.

Со современа технологија на термообработка на дрвото, се овозможува дрвената платформа да биде отпорна на влага и инсекти, гребаниците не се забележливи, а материјалот не бледи. Овие материјали лесно и едноставно се чистат, со сапун и вода. Ваквиот вид на третман придонесува за потемна боја на дрвото и предизвикува топлина за просторот каде се поставуваат.


Доколку се одлучите за дрвени подни облоги, треба да се изберат најсоодветните дрвени подлоги за таа намена. Најчесто употребуван вид на надворешни дрвени облоги се даските кои се парени под притисок. Овој декинг материјал е евтин, широко достапен и од него може да се направи доволно стабилна подна облога за терасата. Сепак, подот е подложен на свиткување, пукање и цепење, па така треба редовно да се одржува и третира со средства кои штитат од временски влијанија.


За изработка на дрвени подни облоги се користи дрво од секвоја и кедар, бидејќи истите овозможуваат долговечност за долги години, но и цената е до три пати поголема од дрвото кое е третирано под притисок. Слични се цените и за подот направен од тропски дрва.


За изработка на декинг платформи со композитни материјали се користи мешавина на дрвени влакна и пластика, и се неколкупати поевтини од облогите од чисто дрво. Тие се задоволително решение за избор на подна облога – отпорни се на деформации, цепење и создавање на пукнатини, а достапни се во голем број и бои.

Loading...