Booking.com

Ние не размислуваме премногу за квалитетот на воздухот во нашиот дом…

За жал, постојат премногу несакани токсини кои циркулираат во просторот во кој живееме. Прочистувачите на воздухот може да служат за детоксикација и чистење на воздухот, но во исто време тие се и премногу гласни и скапи.
За среќа, постојат различни видови на растенија кои може да бидат подеднакво ефикасни во прочистувањето на воздухот околу нас.
Ви претставуваме неколку куќни растенија кои се идеални за ваквата функција. Тие се добредојден додаток на стилскиот декор во секој дом, но истовремено го прочистуваат воздухот, вршат детоксикација на просторот и спречуваат различни заболувања во вашето семејство.

Англиски бршлен (лат. Hedera helix)

Предности на англискиот бршлен: Ова растение е вид кој во најголема мера ви пружи чист воздух од сите можни опции во домот, меѓутоа ви овозможува и вонвременски, елегантен изглед додека расте и се шири од својата саксија. Англискиот бршлен е идеален за домови со куќни миленици, бидејќи ги отстранува сите фекалните материи и пестициди од воздухот. Меѓутоа, ова растение мора да го држите подалеку од своите миленици бидејќи е многу отровно за животните.
Нега и одржување: англискиот бршлен најдобро расте во влажна почва и ладни температури. Кога ќе посакате да поклоните ваков бршлен на вашите пријатели, едноставно исечете еден мал дел и пресадете го.

Каучуково дрво (Ficus elastica ‘Decora’)

Предности на каучуковото дрво: ова дрво е извонредно во прочистувањето на воздухот и испушта голема концентрација на кислород. Каучуковото дрво може да нарасте и до осум метри висина.
Нега и одржување: каучуковото дрво е многу лесно за одржување, бара индиректна светлина, а може да се држи и позади завеси. Треба да се залева само кога почвата е потполно сува, а доколку се појават потполно жолти лисја, тогаш тоа е знак за превлажна почва. Ова растение е отровно за кучињата и мачките во домот.

Палма

Предности на собната палма: Палмата во домовите дава тропски изглед на ентериерот и има многу позитивни страни. Оваа палма отстранува неколку вида на токсини од воздухот кои ги вдишуваме секојдневно – формалдехид, амонијак, толуен, ксилен и многу други.
Нега и одржување: Собните палми преферираат индиректна светлина и пријатна температура од 25-30°С. Одржувајте ја почвата ослободена од ѓубрива и освежувајте ја на секои две години.

Бамбусова палма (лат. Areca palm)

Предности на бамбусова палма: ова магично растение ги отстранува скоро сите токсини и нечистотии како и обичната собна палма, со тоа што поседува природни особини за отстранување на вишокот на влага од воздухот. Бамбусовата палма ги поседува сите значајни особини на фенг шуи начинот на функционирање во просторот за посреќен живот.
Нега и одржување: Бамбусовата палма бара индиректна светлина, пријатна температура и доста плодна почва. Освежувајте го ова дрво со распрскувачи, чија вода е со собна температура, само кога почвата е сува. Обезбедете добра дренажа на почвата, бидејќи водата што не дренира може негативно да влијае на ова растение.

Лириопа (лат. Liriope muscari)

Предности: Лириопата расте повеќе во ширина отколку во висина, по што го добила и своето име “Creeping Lilyturf” – ползечка лириопа. Лириопата го чисти воздухот од формалдехид и амонијак. Ова растение има на себе цветови во боја на лаванда, кои цветаат во текот на летото и есента.
Нега и одржување: Лириопата е идеална за екстериери, меѓутоа успешно расте и во ентериери. За да добиете прекрасно растение, потребно е да ја поставите на полусенка – мешавина на сонце и сенка и редовно неделно да ја залевате.

Зелен лилјан (хлорофитум или пајак билка)

Зелениот лилјан (лат. Chlorophytum) е идеално растение за канцеларии, бидејќи може да поднесе нередовно залевање, а освен тоа ги уништува сите отрови во просторијата.
Предност на хлорофитумот: Се користи во случаеви кога сакате да отстраните и до 90% од формалдехидот, карбон моноксидот и толуенот од вашиот ентериер за само неколку дена. Ова растение, со своите ползечки лисја претставува идеален кандидат за висечки саксии во вашиот дом.
Нега и одржување: Пајак билката е добар избор за новопечените одгледувачи на цвеќе. Со други зборови, многу тешко можете да го изумрете ова растение. Собата каде го одгледувате не треба да биде претопла, а почвата препорачливо е да биде влажна.

Ова го издвоивме за вас

Кеукенхоф │ Најубавата пролетна градина во светот

Дали некогаш сте виделе градина со повеќе од 7 милиони лалиња, зумбули,…

Дали да се биде пејзажен архитект или пејзажен дизајнер? Што е подобро… (прв дел)

Постои мислење дека планирањето на прекрасен парк или уредување и дизајнирање на…

9 сјајни трикови за декорација на ентериерот со растенија

Со правилен избор на растенија, можете да го декорирате вашиот простор во…

Декорации за Велигден кои ќе ве направат повесели за празниците (ФОТО)

За да имате поинтересни Велигденски празници, поиграјте си со пролетни цветни фигури…
Loading...