Booking.com

Тикoвото дрво (лат. Tectona grandis) е тропско листопадно дрво кое расте на афричкиот и азискиот континент. Расте до 40 метри височина. За да ги има најдобрите карактеристики, тикот мора да биде стар најмалку 40 години, но со новите технологии може да се добие добар квалитет доколку дрвото е 10 години старо.


Тикот е отпорен на сите надворешни влијанија, поради природната отпорност на сите временски услови. Подот од тик е многу квалитетен и долговечен. Тој е извонредно отпорен на удари на предмети и гребаници, чистењето е лесно, па така се препорачува за семејства со мали деца или куќни миленичиња. Тој е совршено дрво за изработка на подови за тераси, бањи, мебел во градината, како и други дрвени површини во градината. Тиковото дрво се користи и во градежништвото и бродоградбата. Поради своите карактеристики се користи за изработка на палубите на чамците.
Тиковото дрво е далеку посупериорно во однос на дабот. Згора на тоа, тиковото дрво има голема еластичност што го прави омилен вид на дрво за работа меѓу занаетчиите.
Ова дрво има и висока содржина на природни масла, што го прави отпорно на атмосферски влијанија и што му дава висока еластичност. Маслото го прави и извонредно отпорно на напади од инсекти.

Изработка на градинарски мебел од тиково дрво?

Од овој вид тиково дрво се прави квалитетен мебел. Тој е мек и прилагодлив за обработка, со тоа што се намалува многу малку при сушење. Заедно со неговата голема цврстина, особено е погодно за изградба на чамци.
Тикот е исклучително отпорен на вода, па се користи како под во бањите и сауните. Во случај да се истури вода или друга течност, едноставно треба да се пребрише, без страв дека ќе го оштети подот и ќе предизвика надигнување или изобличување.


Тикот не треба дополнително да се заштитува од инсекти и штеточини поради неговата природна одбојност кон нив.
Квалитетот и издржливоста на тикот со себе носи и повисока цена во однос на повеќето други дрвени подни облоги.


Pterocarpus angolensis е вид на афричко тиково дрво, кое потекнува од Јужна Африка. Тоа е познато со многу имиња – Kiaat, Mukwa и Muninga, но најчесто го нарекуваат блад (крв) – поради карактеристичната темноцрвена боја која ја испушта. Дрвото расте во височина од 12 до 18 метри, има темно кафеава груба кора, убава круна и цвета со жолти бои.
Кога дрвото или негов огранок се пресекува, почнува да капе темноцрвена течност која има впечатлива сличност со крвта. Црвениот сок од дрвото се користи традиционално како боја, а во некои области, помешано со животинска маст, за жал станува основа за козметички производи.

Loading...