Booking.com

Не постои нешто подобро од тоа да имате свое место за одмарање на отворено…

Сè што ви е потребно за креирање на ваков простор е добар и удобен градинарски мебел. Неколку парчиња на комфорни лежалки е нешто што морате да го имате во било кој простор на отворено – тераси, балкони или покрај базен.
Креирана од нерѓосувачки челик, Tidal лежалката се базира на обликот на вонвременски дизајнираните метални кревети, онакви какви што и денес може да се видат покрај некои базени.

Со Locus Solus лежалката за екстериери, дизајнерите го истражуваат експресивниот потенцијал на боите применети на металот.

Mermaid лежалката е креирана од рачно плетени полиуретански влакна и мора да го цените нејзиниот севкупен дизајн кој совршено се вклопува во природните линии на вашето тело.

Kwila претставува удобно парче на мебел со усогласени ергономични кривини кои ви овозможуваат ултимативна поддршка додека се одмарате покрај базенот.

Volo лежалката е неверојатно комфорна и релаксирачка заради своите принципи на креирање кои ја врзуваат за лулашка, а бидејќи е направена за двајца, слободно можете да го повикате вашиот партнер и да уживате заеднички во незаборавните моменти.

Plank лежалката е направена за одмор и релаксација во идеални надворешни услови. Таа е изградена со бело обложен челичен рам на кој се поставени борови даски заштитени од влага и лоши временски услови.

Leaf фотелјата претставува свеж пристап во дизајнирањето на обични, модерни парчиња на градинарски мебел. Оваа фотелја има идеална силуета чии нежни линии претставуваат доста необичен пристап кај современите столици за плажа.

Професорката Шила Кенеди ја креирала лулашката Soft, која во суштина претставува лежалка на која можете да се одмарате, додека истовремено ги полните батериите на своите омилени технолошки уреди.

Soho е дизајниран со леснотија, со едноставни и модерни линии во дизајнот, за да можете да се опуштите и заборавите на проблемите во вашиот живот.

Ова го издвоивме за вас

Професија на иднината: Пејзажен архитект

Пејзажниот архитект/ка го истражува природниот простор и животната средина и даваат совети…
Loading...