Booking.com

Ова растение, во суштина и не е вистински бамбус, туку вид од родот Dracaena. Уште е познато и како Dracaena sanderiana, води потекло од Африка и се верува дека носи добра среќа во домот или во било кој простор каде се одгледува. Најчесто се одгледува и продава во декоративни саксии или стаклени вази. Lucky Bamboo може да се најде во секој гарден центар или цвеќара. За ова растение постои старо кинеско верување дека носи среќа, па од таму го добило и своето име.

Постои верување дека две стебленца од овој нетипичен „бамбус“ носат љубов, три обезбедуваат среќа, пет носат здравје, осум се за оние кои сакаат богатство, а девет носат среќа на секое поле во животот.


Традиционално во Азија, оваа билка се носи во нов дом, бидејќи позитивно влијае на емоциите и атмосферата како и на работниот простор. Се верува дека носи успех и напредок во кариерата.
„Среќниот бамбус“ не бара некоја посебна нега за одржување. Потребно е го држите во вазна и на тој начин може да преживее и до неколку години. Со вода се дополнува на секои 10-14 дена.
„Среќниот бамбус“ е особено осетлив на директна сончева светлина. Премногу силна сончево зрачење може да ја промени бојата на листовите од зелена во жолта. Може да успее и во слабо осветлени простории или во просторија со вештачка светлина.
Ако дојде до пожолтување на листот, истиот треба да се отстрани за да израсне нов. Овој „бамбус“ е отпорен на температури од 15 до 30°С.

Привлечете ги љубовта, среќата и богатството во својот дом со помош на ова растение…

Loading...