Booking.com

Бодликавата палма (лат.Rhapidophyllum hystrix) е вид на палма која што од сите видови на палми е најотпорна на мраз, додека истовремено е единствен вид на монотипниот род Rhapidophyllum. Во природата расте на мочуришни места на југосточниот дел од САД. Благодарение на отпорноста на ладно и мраз до –20°C може да се одгледува надвор и во наши услови. Во нејзините добри карактеристики го вбројуваме и нискиот, густ раст (максимално 1-3 м) и атрактивното бодликаво стебло.


Оваа палма за сега нема словенско или македонско име така да го користиме латинскиот превод – Rhapidophyllum = „иглести листови“.
Одгледувањето на палми во наши услови не е ни малку лесно. Семето засадете го според упатството за садење. При тоа имајте на памет дека палмата воопшто не бара високи температури како што обично бараат тропските видови. Сосема и е доволна температура од околу 20°C. Се препорачува да во текот на првите три години палмата ја чувате надвор само преку лето, а за време на зимата посигурно е да ја внесете во просторија во која не постои опасност од мраз. После три години, палмата е веќе доволно голема да ги преживее нашите зими и може да ја засадите надвор на трајно место.


Како и другите видови на палми кои се отпорни на мраз и овој вид бара добро пропустлив супстрат и најмногу и одговара јужно ориентирана падина. За време на зимата најголем непријател на палмата не е мразот, туку преголемата влага на земјиштето која предизвикува гниење на коренот. Инаку, палмата без проблеми поднесува температури од -15 до -20°C. Најниската температура која што овој вид на палма го издржал изнесува -28°C.

Loading...