Booking.com

Уживајте во летното задоволство со мирисот на прекрасните цвеќиња…

Некои видови на цвеќиња не ве оставаат да бидете рамнодушни кон нив. Нашот избор ќе ви овозможи да уживате во радосните мигови и прекрасниот мирис.
Plumeria – претставува еден вид на олеандер. Овој вид на растение не трпи многу влажност и мраз, па затоа задолжително е во зимските денови да се чува на собна температура. Најчесто успева да расте во песочна подлога каде нема многу влажност. Особено се интересни за правење на букет цвеќе.

Gardenia – прекрасно цвеќе со големи бели цветови кои најчесто се користат за декорации за одредени свечености. Неговиот мирис потсетува на мирис на јасмин. Ова растение не е едноставно за одгледување, бара доста големо количество на вода и сончева светлина, но не директно поставено на сонце, бидејќи може да доведе до уништување на цветовите. Расте до 1,5 метри во височина. Во периодот на цветање треба задолжително да се прихрани на секои две седмици со губриво и многу вода.

Callistemon – растение кое може да успее во потоплите региони, но може и на посувите места. Важно за условите на одгледување е да биде поставено на сончево место. Расте до 3 метри во височина, а може да се насади и во саксија и да се одгледува во домашни услови како собно растение. Посебна убавина имаат оние растенија од овој вид кои се со црвени цветови.

Bougainvillea (бугенвилија) – спаѓа во групата на ползечки растенија кои растат по други правостеблени растенија и немаат правостеблена форма. Станува збор за украсно дрво и грмушка кое нема толку атрактивен изглед на цветови, но со својата раскошност може да биде декоративен елемент во својата градина. Овој вид на растение не бара посебни услови на одгледување, освен да биде поставено на сонце.

Лаванда – е ароматично медитеранско растение по потекло од Средоземниот басен. Не само што е украсно и убаво растение, туку е и корисно бидејќи се користи како лековито растение. Успева во сите видови на почва и на умерено континентална клима, а како топлољубиво растение има потреба од топлина и особена светлина.

Anigozanthos или кенгурова шепа – егзотично растение со потекло од Австралија. При услови на континентална клима треба особено да се внимава да преживее овој вид на растение, но како резултат на тоа ќе добиеме растение со особено изразени големи црвени цветови. Може да успее само со повремено наводнување и во полусува почва, но за да повторно цвета мора да се отрстрануваат сувите цветови.

Echinacea – хибрид на E. purpurea и Е paradoxa. Расте во висина од 90 cm. Претставува декоративно растение поради своите големи цветови. Особено може да успее во градината на сончево место и не бара дополнителна грижа околку одгледувањето туку само редовно наводнување. Ова растение има и корисни својства – се користи како лековито растение.

Dahlia (далија) – познато како dahlias. Станува збор за цвеќе кое може да се одгледува во домашни услови со постојано наводнување и слаба изложеност на сонце. Од овој вид на растение постојат различни видови и цел спектар на бои и големини. Доколку имате своја градина не пропуштајте да одгледувате ваков вид на растение.

Ова го издвоивме за вас

Спатифилум │ Елегантна собна билка за прочистување на воздухот

Оваа атрактивна декоративна билка е една од најпознатите канцелариски растенија. Спаѓа во…

Нова гвинеја: Цвеќе кое е атракција за секој балкон

Егзотично растение кое цвета од крај на февруари до доцна есен, со…

Куќна среќа: Билка која носи радост во домот

Куќната среќа наоѓа примена во стаклени мини градини или терариуми. Уште е…
Loading...