Booking.com

Јапонската цреша (лат. Prunus serrulata) е најпопуларна и најспектакуларна цреша што цвета, со потекло од Кина, Јапонија и Кореја. Уште е позната и како ориентална или азиска цреша. Цветовите се појавуваат во април, најпрво во облик на црвени пупки, а потоа јако розеви, дупли, во група од 2-5 цвета. Успева на свежа, растресита, добро дренирана почва. Достигнува висина од 7-10 метри, а ширина 5-8 метри. Најдобро успева на сончеви позиции.


Јапонската цреша е доста отпорно дрво кое живее многу долго. Во Јапонија е меѓу најценетите растенија. Кај нив постои една традиција, позната како „Ханами“, што во превод значи гледање во црешови цветови. Тој период е еден позначајните датуми во јапонскиот календар, бидејќи цветовите на црешата ги сметаат за симбол на среќа и чиста душа.
Првото цветање на црешите се случува на островот Окинава, додека пак на островот Хокаидо цветаат малку покасно. Во повеќето поголеми градови, како што се Токио, Кјото и Осака, сезоната на цветање започнува при крајот на март и почетокот на април. Денес, во Јапонија растат над милион дрвја на јапонска цреша.
Најчесто се користи како солитер на зелените површини, во групи или како улично дрво, а ефектот којшто се постигнува ја прави најпосакувана за садење во јавните паркови и приватните градини.

 

 

 

Loading...