Booking.com

Бугенвилијата или Бугенвилеја (лат.Bougainvillea) е прекрасно растение кое најчесто се одгледува како ползечко на балконите. Се користи и како како ограда поради неговото брзо и долго растење и преубавите цветови.


За прв пат е класифицирано во 1768 год. од францускиот ботаничар Комерсон Филберто. За татковина се смета Јужна Америка, поточно Бразил и постојат околу 18 видови со висина на раст од 1-12 метри. Во Европа е донесенo во XIX век благодарение на францускиот адмирал Louis Antoine de Bougainville по кого и го добилo името. Тоа е всушност грмушка со трнливи гранки на кои се наоѓаат јасно зелени листови и цветови во разни бои и тоа розова, црвена, виолетова, сина, портокалова жолта, бела. Цветаат од 5-6 недели.


При нивно одгледување треба да се запази тоа дека овие растенија не сакаат затворен простор, туку да сакаат бидат на отворено и да им се овозможи висока влажност особено пред нивното цветање. Не пуштаат големи корени, затоа може да се одгледуваат во саксија, но да им се овозможи добар проток на воздух. Во потоплиот период (од мај до октомври) се чува надвор на сончево место, а кога ќе залади се преместува во просторија каде температурата е од 7-10°С за може да има период на целосно мирување. Најверојатно ќе ги изгуби листовите, но не се грижете бидејќи ќе потераат нови гранчиња и ливчиња и тоа веќе во февруари. Тогаш се преместува на место каде ќе има многу светло, а уште подобро ако има и малку сонце.


Бараат редовно подкастрување на секои 4-5 недели, за побрзо да се разгранува и добива се поубава форма. Не трпат мраз и ладно. Почвата треба да биде цедлива, но да задржува влага.
За размножување може да се користат резници зелени или зрели. Може да се користат и лисјата за размножување. Зелените резници, земени пред мај или јуни се вкоренуваат до август, а зрелите бараат три – четири месеци. Се препорачува користење на стеблени резници.


Ако живеете во крај каде е студено и во текот на зимата ќе ја внесувате во домот, тогаш се сади во саксија која не е многу голема бидејќи повеќе и одговара да биде во тесно. Земјата нека биде лесна, хумусна со многу тресет. Пресадувајте ја секоја пролет бидејќи многу ја исцрпува земјата. Внимавајте на дренажата и полевањето бидејќи водата не би смеела да се задржува околу коренот. Најдобро би било да е посадена во глинена саксија. Во текот на летото полевајте ја 2-3 пати седмично, а вишокот вода задолжително одлијте го од подлошката по 10 минути. Кога е во период на мирување полевајте ја еднаш на десет дена.

Ова го издвоивме за вас

Како се произведуваат украсни дрвја и грмушки во расадници?

Расадниците се посебно определени површини на кои преку специјални агротехнички мерки и…

Туја смарагд – најпопуларниот четинар во дворовите

Туја смарагд (лат. Thuja occidentalis ‘Smaragd’) е еден од најубавите и најодгледувани…

Јапонците измислија бонсаи дрво со вградена вештачка интелегенција?

Бонсаи не е само вид на дрво, туку уметност во одгледување на…

ЈАПОНСКИ ЈАВОР

Јапонскиот јавор (Acer japonicum) веќе станува неизоставен дел од секој двор, поради…
Loading...