Booking.com

Маранта (лат. Maranta) е декоративно тропско растение со потекло од Централна и Јужна Америка. Името го добила по италијанскиот ботаничар Бартоломео Маранта. Моментално се познати околу 50 видови од ова растение.
Има зелени, овални и крупни листови, а меѓу лисните жили има дамки во бела, жолта, темно зелена, темно црвена или бакарна боја, во зависност од видот.


Бара топло и светло место, но не директно сонце. Оптимална температура во просторијата треба да биде од 16-20°C. Најдобро е да ја поставите на растојание од 2 метри од прозорецот. Недостатокот од влажен воздух доведува до промена на бојата на листовите и нивно опаѓање. Затоа треба редовно да се прска со отстојана млака вода, посебно во текот на зимата во услови на централно греење. Треба да се наводнува многу внимателно и умерено бидејќи од многу вода може да иструли и кореновиот врат.


Во пролет треба да се исечат старите и исушени листови, а растението да се пресади во плитки саксии со хумусна земја и добра дренажа. Додека не зажилат пресадените растенија, чувајте ги на топло, светло и затворено место и обезбедете им доволно влага. Во лето се залева почесто, еднаш до двапати неделно, а во зима можете да го засушите супстратот помеѓу две заливања и да ја залевате еднаш на секои 10-12 дена. Од март до октомври треба да се прихранува еднаш неделно со ѓубриво за зелени растенија.
Се размножува со делење на коренот и со резници. Делењето на коренот се врши од јули до следната пролет, а секој дел од коренот мора да има жилички. Со резници се размножува во пролет, а резниците се земаат од изданки од врвот кои треба да се посадат во влажен песок на температура од 18 до 22°C.

Ова го издвоивме за вас

Спатифилум │ Елегантна собна билка за прочистување на воздухот

Оваа атрактивна декоративна билка е една од најпознатите канцелариски растенија. Спаѓа во…

Нова гвинеја: Цвеќе кое е атракција за секој балкон

Егзотично растение кое цвета од крај на февруари до доцна есен, со…

8 видови на цвеќиња со кои ќе уживате во летото

Уживајте во летното задоволство со мирисот на прекрасните цвеќиња… Некои видови на…
Loading...