Booking.com

Многу е важно растението да се засади во „вистинската“ саксија, а уште поубаво е кога не треба да се грижите дали сте го наводниле во вистинското време…

Кога времето е топло и сончево, водата во саксијата брзо испарува. Тоа е причината зошто растенијата мора почесто да се залеваат. Најчесто, ова е случај со балконските растенија, бидејќи истите се директно изложени на сонце. Морате да си признаете дека барем еднаш ви се има случено да заборавите да ги залеете цвеќињата со вода, меѓутоа постои решение кое ќе ве спаси од секојдневно залевање – тоа се „самонаводнувачки“ саксии.

Кои се предностите на овие „самонаводнувачки“ саксии?

Овој тип на саксии доаѓаат во различни форми и може да се користат во затворен простор или на отворено. Пластични или керамички – саксиите имаат премногу предности кои ќе ви заштедат време и пари:
1. Заштеда и до 50% вода;
2. Заштеда на време – дневно залевање;
3. Ја држат почвата влажна подолго време;
4. Обезбедуваат правилно залевање на растенијата;
5. Контрола на нивото на вода.

Овој тип на саксии ја префрлаат водата од резервоарот со вода во друг резервоар во кој се складирани почвата и растението. Обично резервоарот со вода е сместен покрај контејнерот каде се наоѓа растението. Показателот на нивото на вода, точно покажува кога на растението му е потребна вода. Саксијата содржи цевка со капаче за залевање и ѓубрење. Посебна лента за впивање ја пренесува потребната количина на водата во почвата.

Многу функционални саксии, кои внимателно ќе го чуваат вашето растение, а вие нема да морате да се грижите!

 

Ова го издвоивме за вас

Професија на иднината: Пејзажен архитект

Пејзажниот архитект/ка го истражува природниот простор и животната средина и даваат совети…
Loading...