Booking.com

Мулчот е прекривка на почвата и просторот околу растенијата од органски (борова кора, дрвени струготини, иглички од бор, иситнети или мелени шишарки, лисја, искосена трева, слама) или неоргански материјал (камен, песок, црна фолија). Ја задржува водата во почвата, ја подобрува структурата на почвата и спречува ерозија.

Најкористен и како најтраен се смета мулчот од борова кора. Боровата кора треба претходно да се стерилизира, бидејќи истата може да донесе голем број на термити. Може да се јави во повеќе бои: црвена, жолта, кафеава и сл. Црвениот мулч е многу декоративен при пејзажно уредување на градини. Истиот е обоен со органски бои. Покрај својата декоративност, ја задржува и оптимална температурата на почвата, а во лето и зима го спречува растот на плевелите. Го намалува и исушувањето на почвата (транспирација). Дебелината на слојот што е потребен за да ја врши правилно својата функција не треба да биде поголем од 4-5 см. Најчесто се употребува во следниве случаи:
– цветни леи, алпинетуми и камењари – ја спречува појавата на плевели и ја намалува потребата за одржување;
– трим патеки;
– декоративна прекривка во саксии, жардиниери;
– декоративни патеки во дворот – врз мулчот можете да газете без никаков проблем;
– тампон помеѓу бетон, асфалт и тревник;
– природна и мека подлога за детски игралишта – доколку не сакате прашина, кал бетон или асфалт, тогаш мулчот е единствено решение за поставување околу лулашки, мали тобогани, вртелешки и луна паркови.

Loading...