Booking.com

Најдобар период за подигнување на нов тревник е токму есента – почвата е сеуште топла, а и влажноста е зголемена. Исто така, многу добар период за подигнување на нов или досејување на стариот тревник е од мај до јуни. Ако годината е слаба со дождови, погодно време за сеење ќе биде дури во јули.

1. Подигнување на нов тревник

Местото на кое што сакате да го подигнете новиот тревник, прекопајте го до длабочина 10-15см. Површината на земјата срамнете ја и изваљајте ја со валјак.
Понатаму имате две можности:
а) Засадете го тревникот – Прво измерете ја површината на која што сакате да го засадите новиот тревник. Пресметајте колку семе од трева ви е потребно, сметајте дека на 1 m2 ви е потребно 25 г семенски материјал + додадете на секои 10m2 25 г семе за евентуално досадување. При купувањето, пазете семето да биде свежо, затоа што семето на тревата брзо ја губи својата способност за ‘ртење (‘ртливоста на двегодишното семе е пониска од 50%).

При купување, посветете внимание и за тоа дали семето било добро складирано во продавницата (доколку семето е влажно или доколку некои семиња веќе ‘ртат, тогаш не го купувајте.
Никогаш не купувајте неозначено семе! Сериозните фирми имаат информациони флаери кои ќе ви помогнат при изборот на семе помеѓу огромните количини смески од тревно семе. Во секоја добра продавница ваквите флаери би требало да ви ги дадат по ваше барање. Купеното семе складирајте го на суво, ладно и темно место. Не ви препорачуваме да го одложувате семето за следната година затоа што брзо ја губи својата ‘ртливост. Сејте го семето во есен (септември-октомври), исто така добар период за сеење е во мај (во сушна година дури во јули). Пред сеењето со помош на гребло, направете браздички во земјата со длабочина од 1см. После сеењето површианта изваљајте ја со валјак од 20-50 кг и добро наводнете. Новозасејаната површина се наводнува 1-2 пати дневно, сè додека не стигне за првото косење. Потоа се наводнува по потреба, а за почетокот се препорачува почесто косење, за да се згусни тревата. Семето никнува за околу 14 дена. Кога тревникот ќе достигне висина од 10 см, покосете го за прв пат. Доколку после косењето наидете на голи места можете да ги досеете. Ако сакате да добиете густ изглед, косете го тревникот до половината на септември во интервали од 1-2 недели. Покосената трева никогаш не ја фрлајте, туку можете да ја искористите како органско ѓубриво за тревникот или да ја компостирате.

б) За подигнување на тревник, употребете претходно одгледани теписи – Ова е побрз, но и нешто поскап начин. Во секој случај е поповолен затоа што кај повеќето фирми кај кои што може да купите ваков тревен тепих цената го вклучува и нивното поставување. Значи, доколку се решите за овој начин за подигнување на нов тревник, тогаш користете готови, однапред одгледани тревни теписи.

2. Негување на стариот тревник

Секоја пролет (во зависност од времето во текот на март – мај) тревникот со гребло треба да се очисти од лушпите и сувата трева, а доколку е потребно и да се досее. Мразот преку зимата ќе го „извлече“ тревникот” па затоа е добро напролет да го извалјате. На опоравениот тревник добро делува и аерацијата на земјиштето. За аерација може да направите едноставен алат. Припремете 2-3 см дебела даска со димензии од 30 х 30 см. Во неа закачете 10 см долги шајки така да излегуваат на другата страна. Оддалеченоста помеѓу шајките би требало да биде 2-3 см. Даската со шајки прицврстете ја на дрвена рачка (нејзината должина зависи од вашата висина, би требало да биде толку висока така да работите пријатно со алатот). После косењето забодувајте ги шајките во земја така што ќе стоите на даската. Извлечете ги од земја и повторувајте така по целиот тревник. Евентуално може да употребите и вила. Доколку сакате да го наводнете тревникот, направете го тоа по аерацијата. Водата ќе достигне до таму каде што е потребна – до коренот.

Ова го издвоивме за вас

Како правилно да го косиме тревникот?

За да добиеме густ тревник, најбитно е негово правилно косење. Ниту една…

Како да добиете тревник како на Вимблдон?

Дали мислите дека во соседниот двор, тревата е секогаш позелена од вашата?…

Трева во ролни: Како се поставува, одржува и колку чини (ВИДЕО)

Погледнете како се подготвува подлогата, на кој начин се поставува тревата во…

Како се сузбиваат плевелите во тревникот (ВИДЕО)?

Негуваниот тревник не е само убава декорација, туку ја спречува ерозијата на…
Loading...