Booking.com

Туја смарагд (лат. Thuja occidentalis ‘Smaragd’) е еден од најубавите и најодгледувани видови на туја. Овој преубав четинар своето име го добила поради својата боја – смарагдно-зелена, која не ја губи дури и во зимските месеци.

Смарагдот е вид на туја кој има само една гранка водилка – лидер гранка. Има густа форма и многу лесно се одржува. Расте тесно и високо (пирамидално) до 5 метри висина и 1 метар ширина. Се одгледува во група или поединечно, иако најчесто се сади во живи огради. Толерантна е на јака сенка и студенило, полусенка, а доста добро поднесува сончеви позиции. Има умерена потреба од вода, бара средно влажно земјиште, добро дренирано и исушено, кисело до неутрално. Не е пожелно да се сади туја смарагд во близина на стоечка вода.

Добро поднесува кроење и шишање и без проблем можете да ја одржувате саканата висина, а со малку поголемо искуство и време, можете да направете убаво дефинирани форми (топијари) – спирали, топки и сл. Моментално, смарагдот е најпопуларен вид со својата спирална форма, која се постигнува со рамномерно повеќегодишно шишање и обликување и како таков претставува совршен детаљ во вашата градина. Кроењето се врши рано напролет.


Доколку се сади во жива ограда, растојанието на садење помеѓу две садници треба да варира од 70 cm до 120 cm (1,2 метри), во зависност од ефектот кој сакате да го постигнете. За квалитетни „бариери“ и брзо формирање, најоптимално растојание на садење е 70 cm. Со редовно шишање на посакуваната висина, тујата се зајакнува и станува поцврста, што е посебно битно во зимскиот период на снежни врнежи, кои создаваат тежина на садникот (кога садникот е слаб, доаѓа до негово кршење). Доколку се сади на растојание од 70 cm (садници со висина од 100 cm) потребно е 3-4 години за да направите видна бариера, а на растојание од 1 метар се потребни 6-8 години за создавање на иста таква бариера. Исто така, овој вид на туја е незаменлив при садење во жардиниери – саксии за хортикултурно уредување на балкони, тераси, локали, деловни објекти…

Нега: Преку летото, посебно во првите неколку години, бара обилно залевање (најпогоден е систем капка по капка) – на тој начин се зголемува годишниот пораст до 40%. Во просечни услови на раст, можете да сметате на минимум 20-30% пораст на годишно ниво. Поднесува корективно кроење. Овој вид на туја е отпорна на зимски ветрови и ниски температури. Почвата се прихранува рано напролет за да може да се постигне брз раст и напредок и сјајна и интензивна боја.

 

Ова го издвоивме за вас

Бугенвилија – украсна ползечка грмушка за балкони и тераси

Бугенвилијата или Бугенвилеја (лат.Bougainvillea) е прекрасно растение кое најчесто се одгледува како…

Како се произведуваат украсни дрвја и грмушки во расадници?

Расадниците се посебно определени површини на кои преку специјални агротехнички мерки и…

Маслинка | Тајните во одгледувањето на ова медитеранско дрво (прв дел)

Маслинката (лат. Olea europaea) е зимзелено дрво кое води потекло од Медитеранот,…
Loading...