Booking.com

За да добиеме густ тревник, најбитно е негово правилно косење. Ниту една елка, ни бор нема да изгледа добро доколку околу нив има лоша трева.
За косењето на тревникот важи правилото да првобитната должина на тревникот ја скратиме 1/3. Тоа значи дека 6 см високата трева ја косиме на должина од 4 см. Оптималната висина на тревникот изнесува околу 2–3 см. Доколку косите премногу ниско, постои можност тревата да ви се исуши. Доколку по секоја цена сакате да имате сосема низок тревник, не заборавајте добро да го наводнете после косењето (барем 10-15 л вода на 1 м2).
Доколку тревникот е нов (посеан со семе), тогаш се врши само шишање на тревата со специјални машинки за шишање на тревник, а откако добро ќе се вкорени новата трева, дури тогаш се врши косење со специјални косилки.

Кај нас се користат 2 вида на косилки – класични и косилки со мулчирање. Косилките со мулчирање не ја собираат покосената трева, туку ја сецкаат на ситни делови и ја расфрлаат по тревникот. Тревникот на овој начин при секое косење автоматски се наѓубрува. Меѓутоа, овие косилки не се погодни доколку на тревникот имате базен, затоа што на овој начин ќе внесуватe мали парчиња трева во базенот преку табаните. За ваквите тревници најдобро е да користите класична косилка со корпа за собирање на тревата.

Денес постојат и косилки од меѓу тип. Ако ја ставите корпата за трева е добиете класична косилка, а доколку не ја ставите корпата, тогаш ќе добиете косилка со мулчирање.
Косилките може да се користат за косење на тревници чии што агол е до 15°. Доколку вашиот тревник се наоѓа на стрмно земјиште, мора да косите со рачна косалка. Рачната косалка е добра за користење при косење околу дрвата и трајните растенија засадени на тревникот или на неговите агли.

Loading...