Booking.com

Концептот на зелена канцеларија претставува практичен систем за управување со животната средина во самите канцеларии. Таквиот систем помага да се намалат еколошките отпечатоци (јаглероден отпечаток) и емисиите на стакленички гасови во вашата канцеларија.
Токму поради овие факти, околу 56% од 700.000 метри квадратни нов канцелариски простор, се планира да се пушти во употреба во Букурешт во периодот од 2017-2019 година и ќе има внатрешни градини или зелени кровови.

Според консултантската куќа за недвижности ESOP | Corfac International, околу 390.000 метри квадратни нов канцелариски простор ќе ја има оваа нова функција, а сè повеќе инвеститори вклучуваат пејзажно уредување во нивните проекти.
„Во минатото, се користеле сите достапни површини за изградба на згради и паркинг места, а многу малку за зелени површини. Сега веќе се инвестира во зелени проекти што вклучуваат што повеќе зелени површини“, вели Александру Петреску, партнер во консултантската куќа за недвижности ESOP.
Повеќето канцеларии со урбани градини се предвидени во централно-западниот дел на Букурешт, каде ќе можат да се видат повеќе од 180.000 метри квадратни на зелени проекти, како што се AFI Tech Park, Campus 6, The Bridge и Business Garden Bucharest.
Меѓународните истражувања покажуваат дека растенијата и зелените површини ја подобруваат продуктивноста, кај вработените за 15%, па поради тоа архитектите своите идејни решенија за канцеларии ги базираат на овие податоци и ги вклучуваат зелените површини во сите свои проекти, се наведува во написот на Romania Insader.

Ова го издвоивме за вас

6 растенија кои се бели дробови на нашиот дом

Ние не размислуваме премногу за квалитетот на воздухот во нашиот дом… За…

Кеукенхоф │ Најубавата пролетна градина во светот

Дали некогаш сте виделе градина со повеќе од 7 милиони лалиња, зумбули,…

Дали да се биде пејзажен архитект или пејзажен дизајнер? Што е подобро… (прв дел)

Постои мислење дека планирањето на прекрасен парк или уредување и дизајнирање на…

9 сјајни трикови за декорација на ентериерот со растенија

Со правилен избор на растенија, можете да го декорирате вашиот простор во…
Loading...