Booking.com

Мразот е многу поопасен за растенијата во пролет отколку во есен, кога повеќето растенија се при крај со својот вегетативен живот и започнува периодот на мирување. Меѓутоа, тоа не значи дека растението не треба да го заштитиме од мраз и на тој начин да го сочуваме до следната година или да му го продолжиме периодот на цветање. Постојат неколку начини како може тоа да го сторите:
Најпопуларен начин за заштита на растението од мраз е да го прекриете со нешто. Добра работа би можеле да завршат старо ќебе, постелнина или јутена вреќа. Битно е овој материјал да не го затегнувате, а на рабовите да го зацврстете со камен, цигла или слично за не се скине од пресилниот ветар. Полесни покривачи можете да ставите без никаква поддршка на растението, додека за потешките ќе треба да поставете некаква потпора за да не дојде до кршење на растенијата. Следниот ден, задолжително отстранете го покривачот или растението ќе се загуши.

Друг начин за заштита на растенијата од мраз е да го наводнете два дена пред очекуваниот мраз. Влажната земја задржува повеќе топлина од сувата. Меѓутоа, оваа метода е погодна само за послабите мразеви. Исто така, почвата околу растението може да ја полеете и со повеќе вода пред очекуваниот мраз, меѓутоа треба да пазете на количината на вода, за да не дојде до квасење на листовите на растението.

Мулчирање на почвата е доста популарна метода кој ќе ги заштити вашите растенија од првите мразеви. Како мулч можете да користите: слама, борови иглици, суви лисја итн. Некои растенија не поднесуваат мулч во своја близина, па затоа обратете посебно внимание на тоа.

Растенијата можете да ги преместете и во пластеник или во топла леа. Нив можете и сами да си ги направете или пак да си купете во некој гарден центар.

Било кој начин да го изберете за заштита на растенијата од мразеви, пред сè зависи од потребите на секој вид.

Loading...