Booking.com

Јапонскиот јавор од видот Acer palmatum ‘Bloodgood’ претставува листопадно мало дрво или грмушка, со висина од 4-6 метри и ширина 3-4 метри. Води потекло од Азија, а најпопуларно е во Јапонија, каде наоѓа широка примена во парковите и приватните градини.

Неговата хармонична форма, елегантни листови и богат колорит, му дава дава посебна атрактивност на зелените површини во било кој период од годината. Листа и цвета во исто време, а посебна атрактивност му даваат црвено-пурпурните цветови, со кафеавкасти плодови. Бојата на листовите е црно-црвена во пролет, пурпурно-црвена во лето и темно-црвена во есен.

Кога е помладо растението, расте побрзо, а кога е повозрасно расте поспоро. Бара влажна, плодна и добро дренирана почва. Расте во полусенка и на сончевити позиции, добро заштитени од ветар. Доколку расте на суви и песковити почви, тогаш полусенката е неопходна, а се препорачува и мулчирање како заштита на коренот од превисоките температури во летниот период.

Loading...