Booking.com

Ботаничката градина Минхен – Нимфенбург (Botanischer Garten München) е ботаничка градина и арборетум, која се наоѓа на улицата Мензингер 65 во Минхен, Германија. Таа е отворена секој ден, освен на 24 и 31 декември. Се простира на вкупна површина од 21,20 хектари.
Првата ботаничка градина во Минхен (сега е позната како “стара ботаничка градина”) е основана во 1809 година, дизајнирана од Friedrich Ludwig von Sckell во близина на Karlsplatz, а нејзините остатоци сеуште се видливи.

Денешната ботаничка градина е создадена во 1914 година во предградието на Минхен – Нимфенбург, дизајнирана од пејзажниот архитект Holfeld. Во 1966 година таа се поврзува со Botanische Staatssammlung Минхен и Институтот за систематска ботаника на Универзитетот Лудвиг Максимилијан во Минхен.
Денес, во градината се одгледуваат околу 14.000 видови на околу 18 хектари и служи за едуцирање на јавноста и обука на студентите од Универзитетот Лудвиг Максимилијан, како и зачувување на ретките растенија и ретки видови на пчела на европскиот континент.
Градината се состои од алпска градина, арборетум, колекција на степски растенија, рододендрони, градина од рози и систематска градина.

Исто така, градината нуди и широк комплекс на стаклена градина (4.500 m² во 11 стакленици), вклучувајќи соби за бромелии, украсни грмушки и палми, кактуси и сукуленти, цикади, папрати, орхидеи и мексикански растенија. Колекцијата на орхидеи вклучува над 2700 видови од 270 родови, како и хибриди со специјални колекции на Catasetinae, Cattleya, Cymbidium, Dendrobium, Dracula, Paphiopedilum, Phragmipedium, Pleione, Stanhopeinae, Vanda и Zygopetalinae

Влезот во градината е бесплатен од 16 октомври 2017, па сè до крајот на зимата.

Loading...