Booking.com

Зошто би користеле вештачка елка, кога може природна. Или пак, зошто природна, кога вештачката е многу поедноставна? Дали сте сеуште во дилема…

Новата Година без елка е незамислива. И стари и млади, кај сите буди радост. Елката најчесто е во стандардната зелена боја, но многу домаќинства избираат истата да биде во бела, зимска боја. Додека пак некои изборот на боја на елка како и лампиони и украси, го прават да биде во хармонија со боите кои доминираат во вашиот дом.

Природна или пластична (вештачка) елка, е дилемата што ја имаат луѓето пред да почнат да ја украсуваат елката, бидејќи пластичната елка содржи ПВЦ смеса, којашто е штетна за здравјето на луѓето, особено за оние кои се подложни на алергии, а ПВЦ смесата е отпорна на оган и во неа понекогаш се наоѓаат метали како оловото, калајот и бариумот, додека пак природната елка, може да направи повеќе неред, бидејќи паѓаат гранчиња, а од друга страна, се уништуваат шумите доколку се сечат дрвјата.

Некои еколози велат дека вештачките елки главно се направени од ПВЦ пластична маса (поливинил хлорид), добиен од нафта.
Со години Гринпис и други групи лобираат против ПВЦ, заради гасовите кои се испуштаат при добивањето ПВЦ, а и кога се уништува ПВЦ во печките за спалување отпад.

Природните елки се сечат над коренот и бидејќи се без корен, за кратко време мора да се фрлат и завршуваат како дел од празничното неурамнотежено трошење и фрлање кое се мери со милиони тони по цел свет.
Од еколошка гледна точка, најдобра опција е да се купи засадена елка во саксија и како таква можете да ја чувате два месеци во домот, а кога ќе помине новогодишната и божиќната еуфорија, можете да ја насадите во дворот или некоја блиска околина. Природната елка создава многу поубава атмосфера од вештачката.

Други сугерираат дека уште подобра опција е да се определи едно дрво од дворот за китење и да се користи секоја година.

Не е важно дали ќе изберете природна свежа или вештачка елка. Важно е да внесете радост и топлина во вашиот дом.

Ова го издвоивме за вас

6 растенија кои се бели дробови на нашиот дом

Ние не размислуваме премногу за квалитетот на воздухот во нашиот дом… За…

Кеукенхоф │ Најубавата пролетна градина во светот

Дали некогаш сте виделе градина со повеќе од 7 милиони лалиња, зумбули,…

Дали да се биде пејзажен архитект или пејзажен дизајнер? Што е подобро… (прв дел)

Постои мислење дека планирањето на прекрасен парк или уредување и дизајнирање на…

9 сјајни трикови за декорација на ентериерот со растенија

Со правилен избор на растенија, можете да го декорирате вашиот простор во…
Loading...