Booking.com

Скандинавските земји имаат еден посебен стил на украсување на домовите за Божиќ и Нова Година и таквиот стил станува тренд и во останатиот дел во светот, поради нивниот минималистички пристап во украсувањето.
Најбитно е декорациите да бидат во еден стил и неколку бои. Треба само да одберете комбинација од посветло дрво – крем декор во комбинација со бела и темна зелена боја. Нивните комбинации секогаш даваат еден лежерен стил на ентериерот со смирени тонови.

Препознатливиот нордиски стил на уредување се состои во тоа што користат исклучиво природни билки и декорации во ентериерот. Секогаш преовладува белата боја, поради недостигот на сонце во овие земји, а користењето на декорации во разни бои, само дава контраст и магична нота на амбиентот, во комбинација со ненаметливи зелени и црни украси, како и употребата на амбиентални свеќи, креираат бајковита божиќна атмосфера.

Уживајте во фотографиите и применете некоја идеја и во вашиот дом за престојните празници.

Loading...