Booking.com

Научното име доаѓа од грчкиот збор phlox (што значи пламен и алудира на светлите бои на цветот кај некои видови.
Постојат повеќе видови – едногодишни, повеќегодишни за во градина и повеќегодишни за во камењар. Од едногодишните видови најпознат е Phlox drummondii – потекнува од Тексас, а разликуваме низок (15-20 cm) и висок кој достигнува висина до 60 cm.

Phlox drummondii 1

Постојат повеќе вариетети од овој вид, а најпознати се: Phlox drummondii grandiflora, со крупен цвет (се користи и како сечен цвет) и Phlox drummondii Nana Compacta, ниска сорта која се користи за рундели, леи, тераси, балкони. Високите сорти се користат за масиви, групи и за сечен цвет.

Флоксот се размножува со семе во полутопли леи во април, или со делење на подникот на пролет. Расте на сончеви и полусенковити места, на влажна, плодна (може и глинеста) почва. Бара често полевање.

Кај трајните видови најпопуларен е Phlox paniculata кој може да достигне висина до 120 cm, па затоа не се сади на ветровито место и бара потпора. Се сади на сончево место или во лесна сенка. Бара плодна почва и редовно полевање и најдобро е да се малчира во доцна пролет. Обилно цвета од јуни до септември, но задолжително се отстрануваат овенатите цветови. Кај овој вид цветовите се во уште побогата палета на бои, а постојат и вариетети со шарени листови.
Во доцна есен, кога растението целосно ќе прецвета, се реже стеблото на неколку сантиметри од земјата. Се размножува со делење на коренот во рана пролет.

Phlox subulata е висок околу 10 cm и може да се посади во камењар. Цвета во април и мај, цветовите му се мали (1 cm во пречник) и го има само во бела, светло розова и розова боја. Лесно се одгледува и брзо расте. Му треба сончево место и добро дренирана почва. Се размножува со резници во рана пролет.
Во камењар може да се насади и нискиот едногодишен вид Phlox drummondii, кој ќе почне да цвета кога Phlox subulata веќе ќе прецвета.

Loading...