Booking.com

ЈП „Паркови и зеленило“ се вклучи со свој допринос во реализација на проектот „Денови на пролетта – Денови на екологијата“ во организација на Град Скопје, а во соработка со ЈП „Комунална хигиена“, Пакомак и УНДП.

Претпријатието обезбеди 23 дрвени тезги – штандови за презентирање на експонатите изработени од рециклиран материјал од страна на изложувачите. Тезгите се поставени околу бината Школка, каде на 19 март ќе се изведе пригодна програма, со цел подигнување на јавната свест за зачувување на животната средина и сепарирање и рециклирање на отпадот.

Традиционално, претпријатието обезбеди 100 цвеќиња од видот виола, кои ќе бидат насадени во близина на бината од страна на членовите на Здружението на лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА“.

ЈП „Паркови и зеленило“, како претпријатие чија основна дејност е одржување и грижа за зеленилото во Град Скопје, секогаш е отворено за поддршка и вклучување во настани и акции за заштита и унапредување на животната средина и подигнување на свеста на граѓаните за истата.

Ова го издвоивме за вас

Кеукенхоф │ Најубавата пролетна градина во светот

Дали некогаш сте виделе градина со повеќе од 7 милиони лалиња, зумбули,…

6 растенија кои се бели дробови на нашиот дом

Ние не размислуваме премногу за квалитетот на воздухот во нашиот дом… За…

9 сјајни трикови за декорација на ентериерот со растенија

Со правилен избор на растенија, можете да го декорирате вашиот простор во…

Декорации за Велигден кои ќе ве направат повесели за празниците (ФОТО)

За да имате поинтересни Велигденски празници, поиграјте си со пролетни цветни фигури…
Loading...