Booking.com

ЈП „Паркови и зеленило“ го најавува ПЕТТИОТ СКОПСКИ ЦВЕТЕН ФЕСТИВАЛ, кој ќе се одржи на 12 и 13 Мај 2018 година во Градскиот парк.

Под покровителство на Град Скопје, а во организација на ЈП „Паркови и зеленило“ ќе се одржи петтиот по ред Скопски цветен фестивал кој и оваа година го слави цвеќето, природата и животот под мотото „Во боите на виножитото“.

Фестивалот ќе ги собере на едно место сите љубители на цвеќето и природата, професионалци во областа на хортикултурно уредување и проектирање на зелени површини, производители на цвеќе, уметници, деца и ученици кои ќе ја изразат својата креативност на овој простор.

Сите заинтересирани граѓани ќе можат да добијат стручни совети за хортикултурно уредување на своите дворови и тераси, да се информираат за одгледувањето на цвеќе и да добијат корисни совети од стручни лица со искуство во планирање, уредување и одржување на зелени површини.

Пријавувањето на учесниците е во тек на e-mail: skopskicvetenfestival@parkovi.com.mk и на тел: 02/3070 112 и 02/3070 113

Loading...