Booking.com

Последниве денови екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ работат на хортикултурно уредување на дел од зеленилото во Градски Парк.

Во облик на алпинетум се уреди просторот спроти Хотел Канет и езерцето кај Стадионот со површина од 4.400 м², со околу стотина зимзелени садници, мини четинари, украсни грмушки и перени.

Воедно, ќе се засадат околу 250 парчиња на сезонски цветен расад во повеќе бои, каде колоритно ќе се оплемени зеленилото.

Исто така, на тревната површина е поставена нова хидрантска мрежа од 700 метри, се заменија оштетените прскалки и се инсталираа нови за наводнување на зеленилото.

Ова е втората фаза од активностите за уредување на јавните зелени површини. Освен извршената реконструкција на тревната површина на овој дел, се уредува и делот спроти паркингот, пред Фонтаната „Лотосов цвет“, со површина од 1.900 м².

Како дел од програмата за работа предвидена во делот на реконструкција на зелени површини за јавна употреба, етапно се зазеленуваат парковски површини, блоковско зеленило, како и делови на булеварско зеленило.

Ова го издвоивме за вас

6 растенија кои се бели дробови на нашиот дом

Ние не размислуваме премногу за квалитетот на воздухот во нашиот дом… За…

Кеукенхоф │ Најубавата пролетна градина во светот

Дали некогаш сте виделе градина со повеќе од 7 милиони лалиња, зумбули,…

Дали да се биде пејзажен архитект или пејзажен дизајнер? Што е подобро… (прв дел)

Постои мислење дека планирањето на прекрасен парк или уредување и дизајнирање на…

9 сјајни трикови за декорација на ентериерот со растенија

Со правилен избор на растенија, можете да го декорирате вашиот простор во…
Loading...